Скандал на BBC

BBC ги навреди Кинезите со честитката за нивната Нова година…

 |  инфодеск  | 

Грешките не се ретка појава во интернетското новинарство, но брзината во работењето си го прави своето и во пишувањето можно е да се изроди некоја несакана грешка, што може и тоа како да има штетни последици. Во таква ситуација се најде ни помалку ни повеќе, угледниот британски гигант BBC, кога им го честиташе на Кинезите влегувањето во годината на Коњот.

„Добродојдовте во годината на курвите. Луѓето ширум светот слават„ пишуваше на BBC.

Имено, зборот коњ на англиски се пишува „horse„ а несреќниот техничар згрешил, испуштил едно и додал друга буква па напишал „whores„ што е множина од зборот курви.

По приметената грешка од страна на гледачите кои се подбивале и шалеле по социјалните мрежи, грешката е поправена.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top