Јазична грешка, пцост или нешто друго

Тоа е јазична грешка, би рекле некои.Но, кога папата случајно ќе изговори непристоен збор за време на јавен говор, луѓето ќе забележат. Токму тоа и се случи за време на неделната литургија.

 |  Голабовски Крсте  | 
Papa francisko
Папа Франциско

Тоа е јазична грешка, би рекле некои.Но, кога папата случајно ќе изговори непристоен збор за време на јавен говор, луѓето ќе забележат. Токму тоа и се случи за време на неделната литургија.

Папата Францис брзо ја сфатил својата грешка и се поправил. Остануваат сепак работи кои не можат да бидат нечуени и таа е едно од нив. Додека давал неделен благослов од Ватикан, поглаварот на Римокатоличката црква по грешка рекол непристоен збор на италијански. Зборовите кои ги користел, се caso и cazzo и значат “ма** ** та му”.

Во проповедта папата повика на мирно решавање на кризата во Украина.

Papa francisko“Тоа е мојата желба, сите делови на земјата да се стремат да ги надминат недоразбирањата и да се изгради заедно иднината на нацијата. Упатувам апел до меѓународната заедница да ја поддржи секоја иницијатива во името на дијалогот и хармонијата. Срцето, исполнето со копнеж за поседување, е празно за Бога “, рече тој. ”Затоа Исус многу пати ги критикува богатите, бидејќи ризикот тие да побараат безбедност во богатството на овој свет е голем. Во овој ****цата му, во овој случај Божјата промисла се изразува како гест на солидарност”, се поправа папа Францис.

Тој брзо се поправи. Сите сепак се запрашаа дали навистина ги рекол овие зборови. На интернет случајот доби илјадници коментари со толкувања дека е честа грешка направена од латиноамериканци. Според други овие негови зборови укажуваат уште еднаш дека тој е “човек од народот”.

Од изборот минатата година, Фрањо се манифестира како лидер кој ги одбегнува вообичаените атрибути на еден папа. Претпочита да живее во скромен хотел во Ватикан, во кој престојуваат и свештеници, дури телефонира на католици од целиот свет. Стилот му е да биде топол и достапен човек што го натера списанието “Тајм” го прогласи за личност на годината.

Од Ватикан нема официјален коментар за изречените зборови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top