Ознака: глуви

trotoari

Охрид, град на раскопани тротоари

Post Views: 6 Добре дојдовте во Охрид, градот на УНЕСКО, но и на раскопаните тротоари. Западниот влез во градов воопшто не асоцира дека влегувате во некој туристички центар туку како да сете стигнале во некоја селска населба. Трње од сите страни на патот, раскопани тротоари и прашина, се жалат граѓаните кои токму таму живеат. Тие велат дека сликата не е изменета повеќе од 20 год. Миле Кипариз, наш сограѓанин кажува дека веќе 16 години живее во овој дел од градот и ништо не е изменето освен што се ставил асвалт на детското игралиште близу до стамбените згради. На тротоарите пак не...

Continue reading

sportski igri

Одбележан светскиот ден на глувите лица

Post Views: 13 Со помала плата, институции кои не обезбедуваат толкувачи за глувите лица, без додаток за инвалидитет,   глувите лица од Македонија го одбележаа светскиот ден. Иако, Македонија ја потпиша Конвенцијата за заштита на правата на инвлидите, лицата со оштетен слух   се соочуваат со дискриминација, вели претседателот на македонскиот  Сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков.  „ Дискриминацијата е во поглед на платата,  која ја добиваат во однос на другите лица, таа е пониска. Во работните средини глувите лица иако се способни, вредни и одговорни тие се помалку платени...

Continue reading

jadenja

Живот во светот на тишината, но и во светот на уметноста

Post Views: 8 Живка Стојановска од Прилеп е жена, домаќинка, мајка и баба. Таа секојдневно ги прави сите оние вообичаени работи за една жена, но најмногу ужива кога готви и за своето семејство подготвува најразлични специјалитети било солени или благи. Нејзините раце се навистина вешти и од најобично тесто знае да направи вистинско уметничко дело. Живка својата способност за прв пат оваа година решила да ја покаже на манифестацијата „Жена домаќинка“ која е организирана од страна на националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Р. Македонија. Со нејзината погача цвеќе ќе се натпреварува...

Continue reading

znaci

Глувите лица и понатаму на маргините

Post Views: 5 Институциите не го почитуваат законското право глувите лица во одредени ситуации да добиваат толкувач на знаковиот јазик. Никој не сака да слушне за Законот за знаковен јазик донесен во август 2009 година според кој на глувите лица треба да им се обезбеди прведувач и да им се платат трошоците за нивното ангажирање, истакнува претседателот на Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, Славица Стефаноска. Таа додава,дека иако не станува збор за голема сума пари се се решава на стариот начин на сметка  на Здружението иако законодавецот навел чии се обврските.Заврши и...

Continue reading

Musteba Saban

Првенство во риболов на глуви и наглуви лца

Post Views: 3 Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, викендов, на каналот Студенчишта  го одржа четвртото Општинско отворено првенство, во дисциплината лов на риба со јадица на пливка, во конкуренција на сениорки и сениори. Во конкуренција на сениорки најмногу риба улови  Гордана Илиеска која го освои првото место, a среброто и припадна на  Сузана Стевоска. Во конкуренција на сениори, по четврти  пат првото место го освои Стојан Мишев,  второто место го освои Борче  Стевоски, а третото му припадна на Муштеба Шабан. На првенството зедоа учество  околу 15 натпреварувачи, кои...

Continue reading

Nade Nice

ТелевизијА ТВМ започна со емитување на вести за глуви и наглуви лица

Post Views: 4 „Информација за секого без предрасуди“ е проект кој се реализира во рамките на програмата на ТелевизијА ТВМ, со помош на Лајонс клубот „Охрид“ и Локалната самоуправа. Целта на проектот е решавање на еден од најгорливите проблеми на глувите и наглуви лица од Охрид – ненавремен пристап до секојдневните информации кои се од пресудно значење за нормално функционирање. За таа цел, ТелевизијА ТВМ започна со емитување на специјално издание на ТВМ Дневникот во 20:00 часот, во кое се содржани сите дневни информации, претходно обработени и прилагодени на гестовниот говор.   „...

Continue reading

turnir basket gluvonemi lica

Баскет турнир на глуви лица од Република Македонија, викендов во Охрид

Post Views: 11 Викендов во Охрид, на просторот пред хотел „Далјан“,  се одржува Баскет турнир на глуви лица од Република Македонија. Учествуваат претставници од голем број градови во земјава. Се натпреваруваат 16 машки екипи и 8 женски. „Ова е традиционална манифестација, која се одржува по втор пат. По бројот на учесници е една од најмасовните“ , потенцира Дамир Розман, Генерален секретар на Спортската федерација на глуви.    Баскет турнирот е во организација на Спортската федерација на глуви лица.Ваквите спортски игри претставуваат вистинска можност за глувите лица да се дружат...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top