Ознака: велат

vino sirenje

Почна фестивалот на вино и сирење во Охрид

Post Views: 3   Плоштадот „Крушевска република“ во Охрид синоќа беше преполн со посетители. На дваесет штандови луѓето имаа можност да ги вкусат разните видови сирења и преработки од млеко, да го дегустираат традиционалнолто бело, розе и црвено вино, а и да се заблажат од пчелните производи. Фестивалот на сирење и вино навистина е магнет за привлекување на туристи, велат граѓаните кои ги анкетиравме „Убаво е да се случува се почесто. Пробав пита со сирење и ѓомлезе. Можам да ја поздравам една ваква манифестација затоа што привлекува доста туристи сакаат да пробаат од овие наши јадења...

Continue reading

inf.biro

Се анкетираат гостите и туристичките работници

Post Views: 1 И ова лето туристичките работници, странските и домашните гости , а и граѓаните ќе можат да си ги напишат маките на хартија. ТЛЕР изготви формулар на кој сите субјекти кои се вклучени во туризмот, а и гостите ќе можат да ги стават своите забелешки и да кажат од што се, а од што не се задоволни. Анкетата не е класична со точно утврдени прашања туку секој може да наведе повеќе забелешки доколку ги има. -Генерално анкетните прашалници се исти како и минатата година со мали модификации кои ги направивме врз основа на тековната состојба во туризмот, вели Ѓоко Апостолов од...

Continue reading

ujp

Управата за јавни приходи повторно со новитети

Post Views: 1 Даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10 милиони денари, треба најдоцна до 31 октомври 2014 година да воведат фискален апарат со GPRS уред. Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година. Од УЈП велат дека постапката на регистрација на фискалниот апарат отсега ќе трае само 10 минути, наместо како досега од 3 до 5 дена, затоа што ќе се врши размена на податоците помеѓу сервисниот центар од каде обврзникот ќе ја купи фискалната каса и системот на УЈП. Со воведувањето на новите фискални каси Управата за јавни приходи стартува...

Continue reading

tatko

Ќе добијат ли мажите во Македонија трудничко боледување?

Post Views: 6 Каде отидоа балканските мажишта? Дома, чуваат деца! Ова, може многу лесно да се случи доколку идејата и мажите да можат да земат породилно отсуство се преточи во закон. Сегашните и идните татковци се расположени два месеци да ја преземат улогата која досега законски беше резервирана само за мајките. Ваквите реакции како да ја уплашија државата. Министерството за труд и социјала од каде и потекна идејата побрза да информира дека за вакви боледувања годинава нема пари, а неизвесно е и за идната. Со сличен став и институцијата која треба да ги исплаќа парите. Од 2006 г....

Continue reading

crkva

Грдата слика кај болничките цркви ќе чека есен

Post Views: 6 До редакцијата на Телевизија ТВМ пристигнуваат реакции од граѓани од стар град во врска со разурнатиот ѕид на црквата Св. Богородица Болничка. Состојбата на тој потег ја нагрдува сликата која најубавиот дел од Охрид ја остава кај туристите. Состојбата е непроменета речиси две години. Според она што го слушнавме од мештаните тие не навлегуваат во плановите кои МПЦ ги има за тој потег, но сметаат дека додека се реши проблемот со дозволата за понатамошни активности на локацијата барем да се санира ѕидот. Ова лето нема ништо да се превзема за враќање на ѕидот во првобитната...

Continue reading

trotoar

Граѓаните си го бараат ветеното

Post Views: 4 Добре дојдовте во Охрид, градот на УНЕСКО, но и на раскопаните тротоари. Западниот влез во градов воопшто не асоцира дека влегувате во некој туристички центар туку како да сте стигнале во некоја селска населба. Трње од сите страни на патот, раскопани тротоари и прашина, се жалат граѓаните кои токму таму живеат. Тие велат дека сликата не е изменета повеќе од 20 год. Иако во Локалната им рекле дека овој тротоар е ставен во приоритетите и дека  оваа пролет ќе биде направен, се останува само на ветување, вели Илија Магденоски, претседателот на УЗ Воска. Тој раскажува дека...

Continue reading

granit

За прв пат услуга „all inclusive“ во туристичката понуда во Охрид

Post Views: 0 Годинава за прв пат услуга „Се е вклучено“ во туристичката понуда во нашиот град. Пионери во реализацијата на оваа идеја се луѓето од хотелот „Гранит“ кои велат дека за all inclusive услугата размислувале веќе неколку години, но дека оваа година конечно стигнале и до нејзина реализација. Од менаџментот на хотелот „Гранит“ велат дека нивната одлука да го применат овој модел на работа не е некоја голема иновација со оглед дека во другите туристички дестинации одамна се применува, но додаваат дека овој тип на услуги во туристичките објекти е она што на Охрид му недостасувало....

Continue reading

listerija

Нема место за паника поради бактеријата листерија, велат од ЦЗЈЗ

Post Views: 2 Во Охрид засега е регистриран еден случај на пациент кај кого лабораториски е потврдено присуство на бактеријата листерија, велат од Центарот за јавно здравје. Станува збор за повозрасна жена која по лекувањето во Скопје, е пуштена дома и е во добра здравствена состојба. Од таму додаваат дека нема место за паника. Оваа бактерија не е нешто ново,  ја има насекаде во природата и во почвата и таа лесно може да се намножи и во овошјето и во зеленчукот.  Посебно проблеми се јавуваат во летниот период кога температурите се повисоки а храната е поподложна на расипување. Листериозата...

Continue reading

big bend

ИмаТ и во Охрид супер музика за без пари

Post Views: 8 Нивниот фанк, џез, соул, македонските и странските песни, ги воодушеви сите присутни на плажата „Куба Либре“. Сопствениците на објектот велат дека синоќешната забава била нивниот подарок за посетителите. Синоќа охриѓани и бројните туристи имаа уникатна можност да уживаат во звуците и мелодиите на култниот Биг Бенд на Македонската радио телевизија.  Овој фантастичен состав на музички таленти, од кои голем број членови на Македонската филхармонија, на сите посетители на плажата Куба Либре на Охридското крајбрежје им понудија неверојатни џез и фанк звуци, македонски и странски...

Continue reading

parking kuba

Ако е паркинг, треба да се уреди да личи на паркинг

Post Views: 4 Деновиве почна да се наплатува паркинг кај атрактивната плажа „Куба Либре“. Граѓаните затечени од тоа затоа што ништо на просторот не укажува дека станува збор на паркинг. Лицето кое што наплатува паркинг се претставувало како вработен во ЈП „Билјанини Извори“. Од прпетпријатието велат, паркингот е на Билјанини Извори и дека на него легално ја вршат дејноста организирање и наплата на паркинг.Просторот кој најмалку наликува на паркинг е дел од планот за спас на ЈП „Билјанини Извири“. Имено во писмениот допис од Локалната самоуправа се вели, цитат: „Паркингот оваа година...

Continue reading

Sushica

Нелегален приклучок на канализациона шахта-причина за загадувањето на реката Сушица

Post Views: 0 Канализациона шахта која се прелева е причината за загадувањето на реката Сушица. Жителите на Радојца Новичиќ години наназад реагираат на постојаното преплавување на шахтата, но и одвратната миризба која се шири, а која за нив, за жал е секојдневние. Одговори побаравме од локалната самоуправа. Од таму ни одговорија со допис, велејќи дека проблемот настанува поради тоа што постои нелегален приклучок на канализациона шахта поради што се надминува капацитетот на мрежата и доаѓа до прелевање. Велат дека дел се влева во реката, а дел продолжува низ одводниот систем. Нелегалниот...

Continue reading

kanal studencista

Каналот Студенчишта прекриен со маслена дамка

Post Views: 2 Каналот Студенчишта прекриен со маслена дамка. Очевидците кои ги затекнавме таму велат дека таа вчера во попладневните часови била многу поголема, а денес остатоци од масло можеа сеуште да се забележат на десниот кеј од каналот. Радован Димитриески, претседателот на Спортското риболовно друштво Св. „Апостол Петар“ вели дека тоа се должи на несовесното однесување на сопствениците на пловните објекти кои ги гаражираат таму. Димитриески додава дека не е прв пат на ваков начин да се загадува каналот, а инспекциските служби да не излезат на терен. –Досега такво нешто...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top