Окт 3, 2008

Французите бараат анализа на урината на Армстронг од 1999 година

Шефот на француската анти-допинг агенција Пјер Бордри, му предложи на американецот Ленс Армстронг да прифати неговиот примерок од урината од 1999 година да се тестира на присуството на еритропротеин.Армстронг во 1999 година, ја оствари првата од седумте последователни победи на „Тур де Франс“, во 2005-та година, списанието „Лекип“, објави дека примероците од урината и крвта од претходните трки би можеле повторно да бидат тестирани. Во тоа време такавата информција предизвика остри реакции кај велосипедистите, кои во главно тврдеа дека станува збор за лов на вештерки.„Сакам да до нејзиното в…

Окт 2, 2008

Менаџерот на „Абердин“ на лечење од обложување

Дека обложувалниците не ја тресат само Македонија и другите балкански земји, доказот доаѓа од островото. Во Шкотска не се игра само добар фудбал, туку и огромни суми на пари се оставаат на благајните на тамошните обложувалници, токму поради резултатите на „Селтик“, “Ренџерси“, “Хартс“, „Хибернијан“ и останатите помалку познати клубови.Така и некогашниот менаџер на шкотскиот „Абердин“, а своевремено шест години фудбалер на „Манечестер Јунајтед“, Стив Патерсон, се реши да побара совет од докторите поради својата љубов кон коцката.„Направив хаос од сопствениот живот. Во обложувалниците оставив…

Окт 1, 2008

Хокејот на трева зема се поголем замав во Македонија

Во овој спорт Охрид го представуваат две екипи. Исто така се најавува формирање на Хокеарска федерација на Македонија.До пред неколку години хокејот на трева беше анонимен спорт во нашиот регион. но откако холандската амбасада пред две години покрена иницијатива за формирање на хокеарски тим во Охрид од тогаш овој спор цвета. Следно што се најавува е формирање на хокеарска федерација на Македонија како и македонска мини лига за која се потребни минимум 5 екипи. Со оглед на тоа дека во нашава земја за две години се оформија дури 6 хокеарски школи може да се очекува дека од следната година Ма…

Окт 1, 2008

УЕФА го зголеми своето конто за 250 милиони евра

Европската фудбалска организација, УЕФА, објави дека го збогати своето финансиско конто од Европското првенство во Австрија и Швајцарија за 250 милиони евра. Заработените пари ќе биде потрошен за финансирање на натпреварите на младите селекции и женскиот фудбал, судските и тренерските програми и административните трошоци.Главниот оперативец на Еврото, Мартин Кален, беше задоволен со конечните показатели за успехот на Еврото, со тврдење дека во поголем дел од подрачјата е направен виден напредок. Задоволителни се ТВ бројки во голема мерка се користеше јавниот превоз, а поголеми безбедносни п…

Сеп 30, 2008

Вечер на Лигата на шампиони

Погледнете некои од најинтересните натпревари кои се играатвечерва во рамките на Лигата на шампиони.Фудбалерите на рускиот Зенит го дочекуваат Реал Мадрид, во второто коло на Х групата во Лигата на Шампиони. Зенит се надева на прв гол во вториот натпревар кој ќе го игра во Лигата на шампиони, а потребни му се два голови за да заокружи на 100 погодоци во 59-от меѓународен натпревар. Холанѓанецот на клупата на Зенит Дик Адвокат, знае колку овој натпревар е важен за неговата екипа, после најавата за неговото заминувањеод Зенит. Но, сепак тој знае дека нема да биде лесно против лидерот.Фудбалер…

Сеп 29, 2008

Победа на Фернандо Алонсо во Сингапур

Шпанецот Фернандо Алонсо е победник на големата трка за наградата на Сингапур, една од најинтересните на шампионататот Ф1, во последниве неколку сезони.Возачот на Рено, триумфираше пред Ник Розеберг и лидерот на шампионатот Луис Хамилтон. Британецот ја искористи катастрофалната грешка на тимот на Ферари во боксот, кога Фелипе Маса, тргна пред екипата да го извлече цревото за гориво од автомобилот. Бразилецот поради истиот инцидент брзо беше казнет со минување низ боксот, па поради тоа падна на крајот и заврши на 13-то место.Хамилтон сега, на три трки пред крајот на сезоната, има 7 поени пов…

Сеп 29, 2008

Триумф на Јелена Јанковиќ во Пекинг

Српската тенисерка Јелена Јанковиќ ја освои титулата на турнирот во Пекинг, со сигурна победа над тенисерката Светлана Кузњецова со 2:0, (6:3,6:2)Јанковиќ, светски број 2, славеше во финалето само после еден час и 14 минути игра и со тоа ја освои втората титула во сезоната, а вкупно седма во нејзината кариера.Кузњецова успеа да пружи отпор само во првиот дел на првиот сет и да дојде дорезултат од 3:3. После тоа Јанковиќ успеа да врзе три гема за освојување на првиот сет, за да во вториот брзо заводи со 3:1.Во петтиот гем,23-годишната Белграѓанска успеа да спречи неколку брејк топки на Кузње…

Сеп 27, 2008

Во СРЦ „Биљанини извори“ потпишан меморандум

Денеска во канцелариите на ЈП Биљанини извори се потпиша меморандум за разбирање помеѓу спортската агенција „Старс“ од Нови Сад и ЈП Биљанини Извори. Со овој меморандум спортот во Охрид треба да се подигне на повисоко ниво а со оглед на тоа дека спортската агенција „Старс“ е една од водечките агенции во Србија може да се каже дека ЈП Биљанини Извори добива сериозен партнер.Агенцијата  „Старс“  која веќе има развиено голема мрежа во регионот се надева дека можат Охрид да го направат една од најомилените дестинации на спотристите. Исто така се најавува дека оваа агенција на ЈП Биљанини Извори…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top