Триумф на Јелена Јанковиќ во Пекинг

Српската тенисерка Јелена Јанковиќ ја освои титулата на турнирот во Пекинг, со сигурна победа над тенисерката Светлана Кузњецова со 2:0, (6:3,6:2).

 |  Крсте Голабовски  | 
Jelena Jankovic
Jelena Jankovic

Српската тенисерка Јелена Јанковиќ ја освои титулата на турнирот во Пекинг, со сигурна победа над тенисерката Светлана Кузњецова со 2:0, (6:3,6:2)

Јанковиќ, светски број 2, славеше во финалето само после еден час и 14 минути игра и со тоа ја освои втората титула во сезоната, а вкупно седма во нејзината кариера.
Кузњецова успеа да пружи отпор само во првиот дел на првиот сет и да дојде дорезултат од 3:3. После тоа Јанковиќ успеа да врзе три гема за освојување на првиот сет, за да во вториот брзо заводи со 3:1.

Jelena JankovicВо петтиот гем,23-годишната Белграѓанска успеа да спречи неколку брејк топки на Кузњецова, за да после тоа следи по еден одземен сервис на двете страни,а Јанковиќ уште еднаш со брејк, да стигне до сигурната победа.

Со тоа србинката го намали заостатокот во меѓусебните средби со Кузњецова на 3:4, и ја забележа првата победа над русинката оваа година, после два порази вклучувајќи го и оној во Токио од минатат недела.

После триумфот во пекинг, Јанковиќ останува на втората позиција на ВТА листат, но сега со само 21 поен помалку од водечката Серена Вилијамс, со што љубителите на тенисот во Москва, ќе можат да уживаат во нивната борба за првото место.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top