Сеп 13, 2008

Шекил О’ Нил ја завршува кариерата во 2010

Еден од најдобрите НБА-кошаркари на сите времиња, членот на „Феникс Санс“, Американецот Шекил О’ Нил најави дека во 2010 година ќе ја заврши 16-годишната кариера.„Мојата кошаркарска кариера ќе биде завршена за 735 дена. Бидејќи во текот на бавењето со кошарка се стекнав и со високо образование, имам намера кариерата да ја продолжам со работа во правосудството“, рекол О’ Нил за американската ТВ-станица „Орландо Њуз“.Триесет и шестгодишниот О’ Нил во текот на кариерата освои четири титули шампион на НБА, од кои три во дресот на „Лејкерси“ од Лос Анѓелес (2000, 2001 и 2002) и една со клубот од…

Сеп 12, 2008

Маса против Хамилтон во Монца

Возачите на Мекларен и ферари, Луис Хамилтон и Фелипе Маса овој викенд на патеката во Монца ќе продолжат со трката за титулата, првак во Ф1.Првопласираниот Хамилтон, во трката за големата награда на Италија влегува со два поени предност во однос на Маса, кој минатиот викенд победи во Белгија благодарение на казната за британскиот автомобилист. Разилецот Маса, ќе се обиде да му донесе победа на Ферари во Монца, осма во последните 11 години на таа патека. “Среќен сум затоа што првенството е сеуште отворено и нема фаворити“ изјави Маса во Монца.Хамилтон во белгија на конечното време кое го заб…

Сеп 12, 2008

Џанфранко Зола е новиот тренер на „Вест Хем“

Поранешниот напаѓач на „Челзи“ ќе го замени на функцијата менаџер, Ален Курбишлиј, кој минатиот викенд поднесе оставка и покрај двете победи во првите три кола на „Премиер лигата“. Веднаш по пристигнувањето во Лондон, Зола изјави дека неговата екипа ќе игра исклучително офанзивен фудбал.“Знам само еден начин на кој се игра фудбал, а тоа е напаѓачки фудбал. Сакам луѓето да уживаат, затоа и играме, нели?“Зола, кој беше астистент на Пјерлуиџи Казигари во младата репрезентација на Италија, призна дека шансата да биде менаџер на на клубот од источен Лондон не се одбива тукутака и покрај ривалств…

Сеп 11, 2008

Македонија – Холандија 1:2

Фудбалската селекција на Македонија во вториот натпревар во квалификациите за пласман на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, вечерва на Градскиот стадион во Скопје, загуби од Холандија со 1:2. Головите за Холанѓаните ги постигнаа Џони Хејтинга на почетокот на второто полувреме во 46 минута и Ван дер Варт во 60 минута, а за Македонија Горан Пандев во 77 минута. Пандев претходно уште двапати го совлада холандскиот голман Стекеленбург во 36 и 67 минута, но головите беа поништени поради офсајт. Вечерашниот напревар беше трет македонско-холадски дуел. Претходните два беа во квали…

Сеп 10, 2008

Квалификации за СП: Холандија нов предизвик за Македонија

Македонија осоколена по стартната победа против фаворизираната Шкотска, вечерва против Холандија пречекува уште еден фаворит во квалификациите за пласман на Мундијалот 2010 година.Холандија, петта репрезентација на листата на ФИФА; пред натпреварот на Градскиот стадион во Скопје (20,30 часот) ја има улогата на фаворит, но Македонија шансата за успех ја гледа во добрата форма и традицијата. Во секој случај, љубителите на фудбалот, вечерва ќе можат да уживаат во несекојдневен фудбалски настан.  

Сеп 9, 2008

Чедомир Јаневски е новиот тренер на “Црвена Ѕвезда“

Македонскиот фудбалски стручњак е новиот тренер на “Црвена Ѕвезда“.Јаневски не успеа да го среди своето експресно пристигнување од Дубаи во Белград во понеделникот, па затоа договорот со најтрофејниот српски клуб го потпиша по пат на размена на факсови. Јаневски се обврза на едногодична верност на црвено-белите, а денес попладне треба да допатува во Србија, официјално да ја преземе функцијата.Во пресрет на неговото пристигнување од Дубаи, некогашниот тренер на белгискиот „Бриж“ го потврди своето доаѓање во „Црвена Ѕвезда“.„После неколку денови на интензивни преговори со Илија Ивиќ, постигна…

Сеп 9, 2008

Роже Федерер стигна до својата тринаесетта грен слем титула

Федерер во финалето го совлада шкотланѓанецот Енди Мареј со 3-0 во сетови, за само 1 час и 51 минута. Во меѓусебните средби сега е 2-2. Федерер го доби првиот сет на највисоко ниво и многу лесно, додека Мареј беше предизвик само во вториот сет, додека последниот сет беше рутинско завршување на работата.Од самиот почеток на мечот, Федерер играше со сета сила и не го зголемуваше ритамот постепено, како што има обичај. Знаеше дека во вакви дуели со понеискусен противник, добивањето на првиот сет е многу важно. Форхендот го служеше добро, но сепак деконцентрацијата на Мареј беше пресудна за бре…

Сеп 9, 2008

Унгарецот Персели победник на 23. Охридски атлетски маратон

Унгарецот Норбер Персели е севкупен победник на 23. Охридски атлетски маратон што традиционално се одржа по повод Денот на независноста на Македонија. Персели патеката долга 30 километри од „Свети Наум“ до Охрид ја мина за 1 час 48 минути и 44 секунди. Втор беше неговиот сонародник Иштво Нало, а трет македонскиот атлетичар Георги Трендафилов. Во женска конкуренција победи Марина Лукиќ од Србија со време од 2 часа 9 минути и 23 секунди. Во рамките на Охридскиот, годинава беше одржан и Првиот регионален војнички маратон на кој учествуваа претставници од шест земји од регионот. Најбрз беше при…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top