Окт 16, 2008

Пораз на Македонската фудбалска репрезентација

Втор пораз за Македонија во третиот натпревар од квалификациите за Светското фудбалско првенство во 2010 год. Во Рејкјавик, пред околу 6.000 гледачи, Исланд ја победи Македонија со резултат 1:0. Во првото полувреме македонските репрезентативци одиграа слабо и дефанзивно. Таквата игра домаќините ја казнија  во 15 минута со гол кој подоцна се покажа дека е доволен за трите бода да останат на Исланд. По една нафрлена топка и лошата поставеност на македонските репрезентативци во својот шеснаесетник, најдобро се снајде исландскиот репрезентативец Гунарсон кој го постигна победничкиот погодок.Вто…

Окт 15, 2008

Коби Брајант до година во Европа?

Дали следното лето не очекува најспектакуларниот трансфер во историјата? Според информациите кои доаѓаат од Грција, следното лето би можело да се случи Коби Брајант да заигра во Европа. Најдобриот кошаркар, триесетгодишната ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерси Коби Брајант следната сезона би можел да игра во Евроа. Оваа бомбастична вест доаѓа од грчки извори, а авторот на понудата која дури ни Коби нема да може да ја одбие, би требало да биде на пребогатите браќа Ангелопулос.Имено, Олимпијакос наводно за Коби подготвува понуда во висина од 60 милиони долари за тригодишен договор и тоа нето, догов…

Окт 15, 2008

Фудбалери, жртви на сообраќајна несреќа во Перу

Во сообраќајна несреќа во Перу, загинаа осум луѓе, додека 22-ца се повредени, откако автобус кој превезувал второлигашки фудбалски клуб паднал од висина од 200 метри.Според наодите на медиумите во Перу, автобусот паднал во провалија откако вооружени лица го натерале возачот на автобусот да се тргне од возачкото место.Тројца од загинатите и поголемиот дел од повредените се играчи на фудбалскиот клуб Сан Кајетано од градот Селедин. Во несреќата животите ги загубиле и двајцата сопственици на клубот. Екипата се враќала од натпревар на кој загубиле со 10:0. 

Окт 14, 2008

Штерн најави играње на официјалните натпревари во Европа

Комесарот на НБА лигата изјави денес дека постои можност да во наредните три години некои од официјалните натпревари бидат одиграни во Европа.“Иако сеуште немаме јасен план во врска со ова, предложено ни е наредните три сезони да организираме натпревари од регуларниот дел на НБА лигата, во Европа. Реално е да барем еден натпревар биде одигран на тој континент“, изјави Штерн кој моментално живее во Лондон.Вчера во Лондон пријателски натпревар одиграа екипите на Мајами и Њу Џерси. Најдобриот играч од Мајами, Двејн Вејд изјави дека, „уживав во енергијата која публиката ја испраќаше од трибинит…

Окт 13, 2008

Јанковиќ се одлепи од останатите тенисерки на ВТА листата

Во период од три недели и освоените титули на турнирите во Пекинг,Москва и Штутгард, Јелена акумулира доволно поени да во 2008 година неприкосновено владее на ВТА листата.Дваесет и три годишната белграѓанка има речиси 800 поени предност и пред најблиската пријателка, 22-годишната Динара Сафина. Срена Вилијамс пред две недели ја држеше првата позиција, но само со провото коло во Штутгард и отказит на Кремлин купот падна на третата позиција.Со оглед на малите бодовни разлики не е за чудење што оваа недела позициите ги заменија и Ана Ивановиќ и Елена Дементиева, како и вера Звонарева и венус В…

Окт 11, 2008

Момчињата на Арсенал нај фер-плеј екипа

Арсенал води на листата на фер-плеј, пред Тотенхем и Челзи. Листата се прави врз основа на неколку категории, и тоа според добиените жолти и црвени картони, позитивната игра (без симулирање), почит кон противничките играчи и судиите, како и однесувањето на службените лица на клубот.После седум одиграни кола во Премиер лигата води Арсенал со коефициент 8.79 додека последен е Блекбурн 7.63.

Окт 10, 2008

Пирес го предлага Венгер за селектор

Некогашниот репрезентативец на Франција, Робер Пирес изјави дека за националаната селекција на таа земја, дека најдобро би било Арсен Венгер да го преземе кормилото од Доменек.„Арсен е вистински џентлмен и верувам дека со своите квалитети значително ќе ја унапреди репрезентацијата. Точно е дека моманетално тој има ангажман, но во фудбалот се е можно и сигурен сум дека тој добро би размислил за понудата да го преземе францускиот државен тим“, изјави фудбалерот на шпанскиот „ Виљареал.Пирес го обвини актуелниот селектор Доменек за кризата на резултатот на француската национална фудбалска репр…

Окт 9, 2008

Ана Ивановиќ се послаба

Ана Иванаовиќ, денес и се придружи на постарата сестра Вилијамс на трибините, откако на Кремлин купот загуби од 19- годишната Доминика Чибулкова, во еден маратонски натпревар.Токму спротивна форма покажува Динара Сафина, која со полна сила продолжи со подвизите. Моманетално најдобрата руска тенисерка во три сетови ја совлада некогашната број еден Амели Морезмо.На некогашната број еден, Ана Ивановиќ, ова и е шест пораз од нејзината победа на Ролангарос, кој го постигна против словачката Доминика Чибулкова се 3;6, 6:2, и 7:6.Иако во одлучувачкиот сет, имаше две меч и топки, четвртопласираната…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top