Ное 11, 2008

Вердер ги казнува неонацистите

Вердер казни осуммина навивачи со забрана за доаѓање на натпреварите на стадионот Везер.Германскиот клуб ја разгледува можноста да ја прошири забраната на сите натпревари во Германија. На натпревар од Бундеслигата Вердер-Бохум, група на млади момчиња се обиде да рашири неонацистички транспаренти и знамиња.„Не ни се потребни такви навивачи во стадионот. Овој инцидент го сфативме многу сериозно и во иднина ќе направиме се за да ги спречиме таквите инциденти.“ стои во соопштението на управниот одбор на Вердер.Група навивачи ги спречила неонацистите да ги рашират транспарентите и после тоа осум…

Ное 11, 2008

Надал нема да игра во финалето на Дејвис купoт

Најдобриот светски тенисер, Рафаел Надал, поради повреда нема да може да игра во финалето на Дејвис купот против Аргентина.Надал сериозно го повреди коленото, во четвртфиналето на мастерс турнирот на серијата во Париз, кога после првиот сет му го предаде мечот на русинот Николај Давиденко,а следниот ден го откажа и учеството на Мастерс турниорот во Шангај, со цел да се рехабилитира до почетокот на финалето на Дејвис купот.Наместо него на завршниот турнир, ќе игра деветтопласираниот од АТП листата французинот Жил Симон.Така репрезентацијата на Шпанија во атакот на Дејвис купот ќе настапи без…

Ное 10, 2008

Абрамович дели откази во „Челзи“ поради финансиската криза

Сопственикот на англискиот фудбалски клуб „Челзи“, рускиот милијардер Роман Абрамович е принуден да штеди на својот клуб поради светската финансиска криза, пренесуваат руските медиуми.„Имајќи ја предвид финансиската криза, Абрамовиќ не замоли значајно да ги редуцираме трошоците“, изјави шефот на одделението за избор на играчи, Френк Арнесен.Рускиот богаташ веќе отпушти 25 луѓе, чија што работа била да бираат играчи за Челзи.Абрамовиќ, откако во 2003 година го купи фудбалскиот клуб, успеа да покрие огромни трошоци на клубот, но потроши и значајна сума на пари за нови играчи и за развој на ин…

Ное 10, 2008

Репрезентативецот Митрески суспендиран од Котбус

Енерџи Котбус го суспендираше и парично го казни македонскиот фудбалски репрезентативец Игор Митрески, поради критики кон тренерот на овој последно пласиран тим во Бундес лигата.Митрески, во интервју за германскиот магазин „Кикер“ објавено денеска, го критикуваше тренерот на Котбус, Словенецот Игор Прасникар, поради тоа што го држи на клупата за резервни играчи.Тој додаде дека има лоша атмосфера во екипата, а играчите не се добро физички подготвени, што резултирало со порази поради неколку примени голови во последните минути од натпреварите.„Тренерот ме извади од тимот по првиот натпревар (…

Ное 8, 2008

Јелена и Венус за финале во Доха

Најдобрата светска тенисерка Јелена Јанковиќ ќе игра со американката Венус Вилијамс во полуфиналето на завршниот турнир во Доха.Јелена беше поразена во третото коло на Мастерс турнирот од русинката Вера Звонарева со резултат 6:2, 3:6, 4:6. Со овој пораз јанковиќ го завзеде второто место во првата група на завршниот годишен турнир, и денес во полуфиналето ќе игра со американката Венус Вилијамс, која го освои првото место во втората група.До сега против Венус српската тенисерка има изиграно осум натпреватри од кои пет пати победила. Наградниот фонд на последниот турнир во сезонава кој се игра…

Ное 8, 2008

Жреб за ЕП во кошарка во Полска

Денес во Варшава ќе се одржи жребувањето за шампионатот на Европа 2009 година кој ке се одигра во Полска.Кошаркарите на македонија се наоѓаат во истиот барабан со Полска Србија и Летонија. По три екипи од секоја група ќе обезбедат учество во квалификациската рунда во групите E (A1, A2, A3, B1, B2, B3) i F (C1, C2, C3, D1, D2, D3). Во четвртфиналето се среќаваат по четири најдобри екипи (E1 – F4, E2 – F3, E3 – F2, E4 – F1).Прв барабан Русија,Шапнија,Литванија,ГрцијаВтор барабанГерманија,Хрватска,Словенија,ТурцијаТрет барабанСрбија,Полска,Македонија,ЛетонијаЧетврт барабанВелика Британија…

Ное 7, 2008

Фергусон има проблеми со Фудбалскиот сојуз на Англија

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон би можел да биде суспендиран, откако Фудбалскиот сојуз на Англија го обвини за недолично однесување кон фудбалски судија.Фергусон во лутина му покажа прст на судијата Мајк Дин и плус неколку реченици, после неколку досудени одлуки за време на натпреварот со Хал, на која европскиот првак победи со 4:3.„Тренерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон е обвинет за недолично однесување кон судијата Мајк Дин на натепреварот против Хал на 1. ноември“ се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Англија.Тренерот на Манчестер беше лут бид…

Ное 7, 2008

Затворска казна за навивачот на Марсеј

Шпанскиот обвинител, побара осумгодишна казна затвор за навивачот на Олимпик од Марсеј уапсен поради предизвикување неред после натпреварот во Лигата на шампиони помеѓу Олимпик и Атлетико. Во соопштението на судот се наведува дека неименуваниот француски навивач предизвикал нереди во кои еден полицаец беше сериозно повреден.Покрај затворската казна е побарано францускиот хулиган да биде и парично казнет. Атлетико победи но УЕФА му забрани подоцна на шпанскиот клуб да игра два натпревари од Лигата на шампиони на стадионот „Висенте Калдерон“ поради лошата организација на натпреварот со францу…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top