Ное 28, 2008

Тарафлексот пристигна вчера

Во Спортската сала Билјанини извори почна поставувањето на Тарафлексот кој пристигна вчера.Во салата денеска дојдоа германските експерти кои во целост ја средуваат внатрешноста на салата. Околу спортската сала „Билјанини извори“ интезивно се обележуваат паркинг местата, се уредуваат зелените површини, се поставуваат граничници пред главниот влез и се шминка  надворешноста од салата. Кога ќе се влезе внатре се осеќа мирисот на свежи бои, како и на новиот Тарафлекс на кој работат германски експерти ангажирани за поставување на истиот.На влезот од салата се поставени информациони табли како и …

Ное 28, 2008

Катанец заминува по мундијалските квалификации

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Сречко Катанец, по завршување на квалификациите за светското првенство во фудбал дефинитивно ќе ја напушти селекторската позиција.За Словенецот, Македонија не располага со квалитетни фудбалери кои можат да се натпреваруваат, пренесе телевизијата Алсат.Катанец денеска на средба со новинарите зборуваше „без ракавици“ за дел од фудбалерите.Според него дел од фудбалерите немаат капацитет за да играат во репрезентацијата бидејќи системот на игра кој тој ја спроведува не им одговара.„Неџипи не може да игра во ова ниво како што се натпреварите н…

Ное 28, 2008

Подивеа хулиганите на Ајакс во Хамбург

Тројца германски полицајци во цивилка се соочија вчера во хамбург со навивачите на холандскиот Ајакс.Околу 50 навивачи на Ајакс ги натераа полицајците во слепа улица, поголем инцидент е спречен кога еден од полицајците кој извадил пиштол, но не пукал, потврди портпаролот на хамбуршката полиција Ралф Мајер. Неколку часа подоцна полицијата прво приведе 13 навивачи, а потоа ги пушти сите освен еден, за кој се знае дека е водич на хулиганите на Ајакс и дека му е забранет влез на холандските стадиони.Другата група од 30-40 фанови на Ајакс, демолира едно кафуле на Репербан улицата.Навивачите на А…

Ное 27, 2008

Германските клубови први по приходи од реклами

Најголема заработка од реклами на дресовите оваа година ќе имаат германските фудбалски прволигашки екипи, чиишто вкупен приход ќе достигне 102,9 милиони евра.Според податоците што ги објави компанијата за истражување на пазарот „Спорт унд Маркет, листата од 18 германски бундеслигаши ќе ја предводи Баерн Минхен, кој сезонава од реклами на своите с=дресови ќе инкасира дури 20 милиони евра.Заработката на англиските клубови од овој вид на спонзорство значително опаднала и тоа поради падот на вредноста на фунтата.Клубовите од Премиерлигата сезонава од реклами на дресовите вкупно ќе заработат 85,…

Ное 27, 2008

Манчестер Сити одвои 118 милиони евра за засилувања

Управата на англискиот фудбалски премиерлигаш, Манчестер Сити одвои 118 милиони евриз а засилувања во претстојниот зимски преоден рок.Челниците на клубот најавија дека најмногу ќе настојуваат да ја засилат својата одбрана за вториот дел од сезоната, бидејќи Манчестер Сити на 14 првенствени натпревари примил дури 22 гола. На листата на желбите на англискиот клуб се наоѓаат голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон, капетанот на Челзи, Џон Тери и репрезентативецот на Брегот на слоновата коска, Коло Туре моментално член на Арсенал.Манчестер Сити е заинтересиран и за еден од најдобрите светски фудбал…

Ное 26, 2008

Крај за Зенит, Фиорентина, Селтик и Фенер

Фудбалерите на Зенит, Фиорентина и Фенербахче, дефинитивно после натпреварите од 5-то коло на Лигата на шампиони се простија од шансите да се пласираат во следната фаза од натпреварувањето.Од групите, Е,Ф,Г и Х познати се сите осум екипи кои одат во шеснаесетина финалето на Лигата на шампиони, а тоа се: Манчестер, Виљареал, Лион, Баерн, Арсенал, Порто, Јувентус и Реал.Зенит го отвори колото со бледо реми без голови против Јувентус, а минималецот на Реал против Бате Борисов беше доволен кралевите да и се придружат на старата дама во нокаут делот на Лигата на шампиони.  Во групата Г, Арсенал …

Ное 26, 2008

ФИФА го суспендира Фудбалскиот сојуз на Перу

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска привремено го суспендира Фудбалскиот сојуз на Перу поради инволвирање на Владата на оваа земја во работата на националната фудбалска организација. Со одлуката на ФИФА на сите фудбалски клубови од Перу, но и на репрезентативните селекции, привремено им е забрането учеството на меѓународната сцена.Тоа, меѓу другото, значи дека клубовите од Перу нема да бидат вклучени во жребката за идниот циклус на Купот Либертадорес, која ќе се изврши денеска, ниту репрезентацијата ќе може да продолжи со квалификации за Светското првенство во фудбал 2010 година.В…

Ное 25, 2008

Шпанија остана без селектор

Селекторот на шпанската тениска репрезентација Емилио Санчез Викарио најави дека се повлекува од должноста, еден ден после освојувањето на титулата во Дејвис купот.Викарио изјави дека со победата над Аргентина во финалето ја завршил својата мисија и дека нема да го предводи тимот кога шпанија во март следната година ќе се сретне со Србија во почетниот циклус од натпреварувањето.„Започнав еден циклус пред три години и сега тоа заврши. Оваа титула е награда за сите играчи и се надевам дека мојот наследник исто така ќе има голем успех“, изјави Викарио.Главен кандидат за да го наследи е поранеш…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top