Мар 27, 2020

Во недела започнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето ќе почне в недела, на 29 март, во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе се помести еден час напред на 3 часот.Летното сметање ќе заврши на 25 октомври во 3 часот, со поместување на стрелките еден час наназад. Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија. Предлогот беше усвоен од Европскиот парламент, но секоја членка на ЕУ ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето. Владите што планираат трајно да останат во летно смета…

Мар 22, 2020

Два силни последователни земјотреси во Загреб, луѓето на улица

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди утрово Загреб во 6 часот и 23 минути. Потоа следел уште еден помал земјотрес со интензитет од пет степени, јави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на седум километри северно од Загреб на длабочина од десет километри. Последователниот земјотрес се случил во 7:01 часот и неговата јачина според првичните податоци била пет степени, пренесува „Хина“. Хрватската престолнина се тресела десетина секунди, а луѓето панично излегле на улиците. Вести за штетата доаѓаат од целиот град и околината, пренесува „Ј…

Фев 26, 2020

Претставата “Чекајќи го министерот” во сабота пред охриѓани

Хит претставата “Чекајќи го министерот” која ги освојува театарските сцени во месец февруари ќе гостува на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид во сабота, 29.02.2020 година. Во претставата игра мега популарната актерка Лидија Вуќичевиќ која публиката ја препознава од култната серија „Бољи живот”, „Жикина династија“ и уште многу големи тв, филмски и театарски проекти.Покрај неа во претставата играат младите и популарни актери: Семир Гигиќ и Сашо Ристовски. Почеток 20.00 часот, цена на билет 150 денари.Телефон за резервации 046/261-063

Фев 10, 2020

Јужнокорејскиот „Паразит“ ги собра оскарите

Јужнокорејскиот филм „Паразит“ (Parasite) е добитник на четири оскари – најдобар филм, најдобар меѓународен филм, најдобра режија и оригинално сценарио. Според извештаите, ова е првпат филм од неанглиско говорно подрачје да освои „Оскар“ за најдобар филм, а исто така и првпат еден азиски победник да ја добие престижната награда за најдоброто оригинално сценарио. Во својот говор откако му беше доделен „Оскар“ за оригинално сценарио, режисерот Бонг Џун-хо ја поздрави својата победа како посебна за неговата матична земја Јужна Кореја. Бонг и Хан-џин одржаа кратки говори, во кои зборуваа и а…

Јан 22, 2020

„Балканска 3а/2“ овој петок на репертоарот на охридскиот народен театар

Овој петок, 24-ти јануари, со почеток во 20 часот, во охридскиот Народен театар ќе биде изведена претставата „Балканска 3а/2“ од Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева. Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска, Филип Кипровски, Никола Тодоровски. Сценографија/костими: Борис Георгиев, музика: Стефан Здравески. „Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие; „Балканска 3а/2“ е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што …

Дек 10, 2019

Продолжуваат проекциите на филмот „Дедо и внук“

Има ли цена и колку чини детскиот живот? Дали сенките на минатото секогаш и без исклучок не стигнуваат и го задаваат немилосрдниот удар? Вреди ли да се живее без љубов и без болка? Охридскиот режисер Илија Пиперкоски многу одговори на овие прашања дава во неговото најново дело и негов прв долгометражен филм „Дедо и внук“. Пиперкоски, истовремено, е и сценарист на филмот. Продуцент на филмот е Огнен Антов, директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску, а монтажата ја направи Данчо Стефков. Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Бла…

Ное 12, 2019

Претставата „Стаклена Менажерија“ во петок на репертоарот на народниот театар

Народниот театар Охрид, во петок, 15 ноември, ќе ја изведе претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Софија Ристевска Петрушева. Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски. Оваа претстава на освои наградата НЕТА на фестивалот на камерен театар “Ристо Шишков” во Струмица во месец септември, за актерска инвентивност посветеност во остварувањето на режискиот концепт. Карти по цена од 200 денари можат да се најдат на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Претставата почнува во 20 часот.

Окт 29, 2019

„Охридско лето“ организира работилница посветена на македонската музика

Во организација на Националната установа „Охридско лето“ утре во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток во 19 часот ќе се одржи работилница под наслов „Ритамот – Движењето, Музиката – Дишењето“. Работилницата ќе ја одржи познатиот музичар и композитор Оливер Јосифовски, основач на групата „Љубојна“ заедно со пијанистот Филип Димишковски, Тимко Чичаковски на канон и Демир Кантуровски на труба. Ќе биде презентирана дел од музиката што на посебен начин Јосифовски ја креира заедно со „Љубојна“ во текот на изминатите години и преку која членовите на овој музички состав станале амбасадори, п…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top