Апр 28, 2020

Светски ден на безбедност и здравје при работа – Да ја запреме пандемијата

Оваа 2020 година, Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа – 28 април, го одбележуваме во услови на глобална здравствена криза предизвикана од пандемијата на новиот коронавирус COVID-19. Во ова, за сите нас мошне тешко и комплицирано време кога се соочуваме со сериозна опасност по нашето здравје и живот, како кај нас така и буквално низ целиот свет, владите во сите држави, работниците и работодавачите се изложени пред огромни и неочекувани предизвици, обидувајќи се на најсоодветен начин да се заштитат и да се справат со заканата од ширењето на вирусот и последиците од заболување…

Апр 27, 2020

МТСП: Придржувајте се до распоредот за исплата на пензиите на шалтерите на банките

Министерството за труд и социјална политика апелира до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплата на пензиите на шалтерите на банките. Само со одговорно однесување на секој пензионер може да го заштитиме личното и јавното здравје. Почитувањето на препораките за носење лична заштитна опрема на лицето и држење растојание од најмалку два метра додека чекате во ред пред или внатре во банките, е во интерес на сите нас. Министерството за труд и социјална политика потсетува дека почнувајќи од понеделник ќе се врши етапна исплата на пензиите на шалтерите на банките, според висината на…

Апр 23, 2020

МЗШВ: Од утре се укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, на барање на ЈП „Национални шуми“ ја отповика забраната за движење во шума и шумско земјиште со кој стопанисува ЈП „Национални шуми“, донесена на ден 16.04.2020 година. Со промената на временските услови и пролетното развивање на вегетацијата, се намали опасноста од појава на пожари на отворено и поради новосоздадените услови Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барање на ЈП „Национални шуми“, ја укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште. Решението за укинување на забраната за дви…

Апр 22, 2020

Денеска регистрирани се 48 излекувани пациенти и 28 нови случаи со COVID-19

Денеска регистрирани се 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови. Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина. Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на коронавирус. – Скопје 11 – Куманово 2 – Прилеп 9 – Тетово 2 – Велес 3 – Валандово 1 Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259. Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Досега во земјата се …

Апр 22, 2020

Под мотото „Акција за борба против климатските промени“ денес се одбележува светскиот ден на планетата Земја

Поради мерките за заштита од коронавирусот COVID-19, без посебни свечености денес се прославува 22-ри април Светскиот ден на планетата Земја. Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22-ри април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави. Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично. Како …

Апр 16, 2020

Денес се слави Велики четврток

Главно за овој значаен ден од Страдалната седмица е дека Господ тогаш ги востанови двете суштествени тајни за нашето спасение: Светата евхаристија (на Тајната вечера: „Земете, јадете, ова е телото Мое кое за вас се прекршува за отпуштање на гревовите! Пијте од неа сите. Ова е крвта Моја која за вас и за мнозина се излева за отпуштање на гревовите! Правете го ова во Мој спомен“.) и Исусовата молитва („…Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви се даде“ (Јован 16, 23). „И што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам за да се прослави Отецот во Син…

Апр 16, 2020

СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ ЗА ПАЦИЕНТИ СО ПУЛМОНАЛНИ ЗАБОЛУВАЊА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА СО COVID 19

Во услови кога на глобално ниво е прогласена пандемија поради рапидно ширење на вирусот SARS-COV-2, Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија упатува стручни препораки за лицата со хронични белодробни заболувања, кои спаѓаат во групата болни со висок ризик за разивање потешка клиничка слика на COVID-19 и имаат зголемен ризик од несакани последици и фатален исход. Во овој период посебно внимателни треба да се лицата со со: астма, хронична опструктивна белодробна болест-ХОББ, цистична фиброза, хронични интерстициелни болести, хронични болести на пулмоналната циркулација, болните…

Апр 15, 2020

Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19, нови 5 случаи во Охрид

Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот. Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19. По градови: – Скопје-10- Куманово-27- Штип-3- Прилеп-4- Тетово-5- Струга-4- Велес-2- Охрид-5- Гостивар-1- Кочани-3 – Неготино-2 о ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица. Во изминатото деноноќие направени се 500 теста. За пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покаж…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top