• Почетна
  • Archive
  • Сцена & Муабети
  • Под мотото „Акција за борба против климатските промени“ денес се одбележува светскиот ден на планетата Земја

Под мотото „Акција за борба против климатските промени“ денес се одбележува светскиот ден на планетата Земја

Поради мерките за заштита од коронавирусот COVID-19, без посебни свечености денес се прославува 22-ри април Светскиот ден на планетата Земја.

 |   | 

Поради мерките за заштита од коронавирусот COVID-19, без посебни свечености денес се прославува 22-ри април Светскиот ден на планетата Земја.

Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22-ри април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.

Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

Како што се посочува во пораката од светската организација повеќе од половина од светското население живее во градовите, бидејќи бројот на жителите во урбаните средини се зголемува, а последиците од климатските промени се влошуваат, нашите градови мора да еволуираат.

Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top