Авг 23, 2019

Промоција на книгата „Херојска/еротска книга“ на Марта Маркоска

Недела, 20:00 часот, во Кафѐ и Бар “Шила“ поетесата Марта Маркоска ќе одржи оригинална сценска промоција на нејзината најнова книга „Херојска/еротска книга“ (H/ero/t/ic book) во издание на “Матица ексклузив“. Промоцијата е насловена “Соба од совршени оргазми“ а авторката ве повикува да дојдете и да проверите дали навистина ќе биде таква. „Читателу, биди подготвен – во оваа блескава книга поезија живее искрен и копнежен глас, незасрамен од своите примални нагони, модерен како машина за миење садови и древен како оганот на предхеленската душа. Гласот на Маркоска е глас кој се судира сам со …

Авг 19, 2019

Започна вториот циклус обуки за раководители на училиштата, во Охрид и Штип, како дел од програмата „Училишта на 21-от век“

Оваа програма ја спроведува Британскиот совет, а е финансирана од Владата на Велика Британија. На 21ви август следува обуката за наставници. „Училишта на 21-от век“ е програма вредна 10 милиони фунти и ќе опфати 380 наставници во 63 училишта од во наредните неколку месеци. 2.000 микро бит уреди кои се користат за кодирање, ќе бидат донирани во основните училиштата во Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Штип, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Кочани и Скопје. Овие микро бит уреди ќе им помогнат на младите луѓе да научат нови дигитални и програмерски вештини на забавен и интерактивен начин. Спрове…

Авг 22, 2019

По 58-ми пат во Струга започна да се слави поезијата

Во Струга по 58-ми пат започна да се слави поезијата. Министерот за култура Хусни Исмаили ја прогласи за отворена поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“, која ќе се одржува до 26 август. Министерот Исмаили во своето обраќање им посака на присутните срдечно добредојде во родниот град на убавиот поетски збор. „Да се зборува за поезијата е навистина тешка задача затоа што претставува обид преку пишаниот збор да го величиш зборот“, истакна при тоа министерот за култура Исмаили. Со цитат од Ролан де Пеневил се обиде да ја дефинира поезијата. „ Поезијата се појавува како директн…

Авг 19, 2019

Охридско лето ќе одбележи 85 години од раѓањето на композиторот Томислав Зографски

Вечерашниот концерт е посветен токму на тој јубилеј. Зографски е еден од основоположниците на македонската композиторска школа и автор на повеќе од 150 дела. Тој претставува значајна алка во создавањето на современиот македонски композиторски израз, не само поради неговиот личен опус, туку и поради влијанието кое го имал во создавањето на нови млади композитори преку неговата педагошка дејност на Факултетот за музичНа авторската вечер посветена на творештвото на Томислав Зогравфски учество ќе земат реномираните македонски уметници: пијанистите Марија Ѓошевска, Елена Атанасовска-Илиевска, Ма…

Авг 8, 2019

Познатиот македонски уметник со светско реноме Дуке Бојаџиев вечерва ќе биде дел од фестивалот „Охридско лето“

Македонски композитор, пијанист и продуцент кој од 2001 година живее и работи во Њујорк, Дуке Бојаџиев вечер со свој концерт пред фестивалската публика на годинешното „Охридско лето. Низ неговата интернационална кариера, Дуке има работено со добитниците на Оскар, Џонатан Деми и Денис Тановиќ, како и со Рајко Грлиќ и Столе Попов. „Овој пат свирам со мојата стара постава со која настапувам овие години , Исмаил Лумановски на кларинет, тој доаѓа од Њу Јорк, Мартин Ѓаконовски Шпато од Келн и Костас Анастасијадис е од Солун. Тие ми се стар тим со кои работиме концерти веќе неколку години и овој …

Авг 7, 2019

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ

Делегација на градот Гиватауим од Израел, предводена од заменик градоначалникот Тали Аргаман, оствари средба со градоначалникот Константин Георгиески. Средбата доаѓа како резултат на веќе воспоставената добра соработка помеѓу Охрид и државата Израел. Во фокус на средбата беше продлабочување на соработката помеѓу двата града, во повеќе области, која понатака би се официјализирала со збратимување на Охрид и Гиватауим. Градот Гиватауим се наоѓа источно од Тел Авив, а неговото име значи два рида. Популацијата во градот е околу 59 илјади жители. Во рамки на градот Гиватауим , функционираат едн…

Авг 7, 2019

Литургии по повод „св. Петка“ и „св. Климент Охридски и св.вмч. Пантелејмон“

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 08. август 2019 година (четврток), во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија во параклисот „св. Петка“, во манастирот „св. Наум Охридски“ – Охрид, по повод празникот „Преп.мч-чка Параскева (Петка)“. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Истиот ден вечерта во 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, по повод празни…

Авг 7, 2019

Македонско пијано дуо вечер на програмата на „Охридско лето“

Уште од периодот на почетоците на своето делување во 2001 година, пијано дуото Гелебешеви составено од Катерина Гелебешева – Костадиновска и Глигор Гелебешев се промовираа како ансамбл со ретка виталност и свежина на нашата музичка сцена. Нивните настапи се карактеризираат со перфекција во музичката креацијата доловувајќи ги суштинските одлики на композициите од технички, уметнички или стилски аспект. Од нивните првични домашни настапи кои често вклучуваат и премиерни изведби, дуото Гелебешеви постепено започна да ја проширува својата концертна дејност на интернационално ниво и тоа вона Бал…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top