МЗШВ: Од утре се укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, на барање на ЈП „Национални шуми“ ја отповика забраната за движење во шума и шумско земјиште со кој стопанисува ЈП „Национални шуми“, донесена на ден 16.04.2020 година.

 |   | 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, на барање на ЈП „Национални шуми“ ја отповика забраната за движење во шума и шумско земјиште со кој стопанисува ЈП „Национални шуми“, донесена на ден 16.04.2020 година.

Со промената на временските услови и пролетното развивање на вегетацијата, се намали опасноста од појава на пожари на отворено и поради новосоздадените услови Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барање на ЈП „Национални шуми“, ја укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште. Решението за укинување на забраната за движење во шума и шумско земјиштестапува на сила од утре 24.04.2020 (петок)година, информираат од јавното претпријатие.

ЈП „Национални шуми“ ќе продолжат и понатаму да ја следат состојбата со нашите шуми и движењето на граѓаните (рекреативците и сите оние кои извршуваат шумско културни активности). Доколку се процени дека повторно се создале услови за ризик од шумски пожари, забраната повторно ќе се воведе.

Од „Национални шуми“ ги потсетуваат граѓаните дека забрането е палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште, како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top