Играчот на американскиот фудбал, Брет Локет тврди дека имал афера со старлетата Ким Кардашијан, која траела пет месеци. Доколку е ова вистина тоа би значело дека Ким го изневерила својот вереник Крис. Се видовме неколку пати и имавме и онлајн контакти, можам да го докажам тоа. Таа ми бараше и експлицитни фотографии, исто така и тоа можам да го докажам, изјавил Брет.На ова Ким нервозно возвратила дека тоа се невистини и тој човек треба да се казни бидејќи се обидува да и ја распие врската со Крис. Тој ова го прави само за внимание од новинарите и целата јавност, сето тоа се невистини, изјав…
Гвен Стефани по долги години ја заврши соло кариерата и објави дека се враќа кај својот матичен бенд, No Doubt.Таа донела таква одлука бидејќи смета дека и се доволно обврски во животот коишто ја одвраќаат од семејството. Како посветена сопруга и мајка, сака да поминува повеќе време со оние луѓе коишто вистински и значат и ги сака.„Тоа требаше да биде еден миг. Стана малку поголем од тоа што сите очекувавме…“ – изјавила таа во врска со периодот кога настапуваше сама.Новиот албум на No Doubt ќе се појави наскоро, а во него ќе биде секако и Гвен.{loadposition content9}
Новото истражување вели дека луѓето чија што телесна тежина е променлива во текот на животот се поздрави за разлика од оние кои што воопшто не се трудат да ги симнат килограмите.Истражувачите при Универзитетот Охајо ги спровеле тестовите само на глувци, но веруваат дека истото би важело и за луѓето.Научниците поделиле 30 глувци во три групи, при што секоја група била под одреден режим на исхрана со високомаслена, нискомаслена и комбинирана храна кој што се менувал на секои четири недели.Резултатите потврдиле дека глувците на кои што им била давана променлива храна (во некој период високомас…
Лучијано Бусо од Тревизо вели дека пронашол сокриен потпис на Џото ди Бондоне во отпечатокот од лицето и рацете на Христа а на неколку други места открил напишани 15-ки.Тој е убеден дека бројката се однесува на 1315-та, годината кога му било наредено да направи копија од реликвијата, бидејќи оригиналот бил тешко оштетен или загубен.Историчарот, кој своите контроверзни тези ги објавил во книга, вели дека неговата теорија се поклопува со современите карбонски тестови, кои покажаа дека тканенината потекнува од раниот XIV век.Платното е сопственост на Ватикан, но се чува во специјална комора во…
Филмуваниот проект „AMAZING MACEDONIA – Landscapes and sounds“ („Волшебна Македонија“) во продукција на Трето Уво, ја освои специјалната награда за особено квалитетен придонес во културолошка, историска и амбиентална презентација на Македонија на 47-миот Меѓународен фестивал за туристички филмови што се одржа од 25 до 29 мај во Лече, Италија.Во конкуренција на вкупно 273 филмови од 60 земји, „Волшебна Македонија“, како што истакнуваат од продукциската куќа, предизвика особено внимание и беше поздравен со огромен аплауз од бројните новинари од медиуми од сите делови од светот, угледните гост…
Малиот и непријатен комарец го привлекува токму вашиот мирис и изглед. Комарецот ја бира својата жртва по мирисот, а 20 отсто од популацијата се исклучиво привлечни за овие инсекти.Комарците се многу визуелни суштества, особено во доцните попладневни и вечерни часови, па своите жртви најпрво ги бараат со видот, а посебно се истакнуваат луѓето кои носат темна облека – црна, темносина и црвена. Комарците, кои ги има 3.000 видови на светот, а секогаш гризат женките, најпрво ја одредуваат својата жртва со видот, а потоа ја селектираат по мирисот. Всушност, нив ги привлекува нивото на јаглерод д…
Белградскиот настап на познатата диџеј ѕвезда Дејвид Гета кој завчера вечер требаше да одржи диџеј-сет на Калемегдан, е откажан поради тоа што непосредно пред концертот се сруши покривот над бината, пренесуваат српските медиуми.Покривот на бината се срушил во 18 часот додека на сцената предгрупата на концертот “Мистејк мистејк” имале тонска проба. Пејачката на групата Александра Крстиќ се здобила со повреди на главата, нејзината колешка Милана од групата ја повредила раката додека останатите членови на бендот останале неповредени.-Во моментот кога бев на капијата за да влезам на концертот,…
Летото е сезона на годишни одмори, но и “сезона” во која се случуваат најмногу флертувања и изневерувања. Убавото време и високите температури можат да бидат голем предизвик за многу врски, па некои парови есента не ја дочекуваат заедно.По три години испитувања во кое учествувале 4.500 испитанци, научниците од медицинскиот факултет во Лондон заклучуваат дека луѓето во лето често се опуштаат на изневерувања.За време на летните месеци, нешто повеќе од 20% од испитаниците биле изневерени од своите партнери, а друи 68% од нив признале дека на лето интензивно размислуваат за впуштање во авантура…