Јо-Јо диетите добри за здравјето?!

Новото истражување вели дека луѓето чија што телесна тежина е променлива во текот на животот се поздрави за разлика од оние кои што воопшто не се трудат да ги симнат килограмите.

 |   | 

dietaНовото истражување вели дека луѓето чија што телесна тежина е променлива во текот на животот се поздрави за разлика од оние кои што воопшто не се трудат да ги симнат килограмите.

Истражувачите при Универзитетот Охајо ги спровеле тестовите само на глувци, но веруваат дека истото би важело и за луѓето.

Научниците поделиле 30 глувци во три групи, при што секоја група била под одреден режим на исхрана со високомаслена, нискомаслена и комбинирана храна кој што се менувал на секои четири недели.

Резултатите потврдиле дека глувците на кои што им била давана променлива храна (во некој период високомаслена, додека во друг нискомаслена) имале подобро здравје во однос на оние глувци кои што се наоѓале во високомаслената група.

dietaТие исто така живееле за 35% повеќе во однос на “високомаслените“ глувци и имале сличен очекуван животен век со оние од нискомаслената група.

Главниот истражувач Д-р. Едвард Лист кој ги презентирал резултатите од студијата на годишното собрание на Ендокринолошкото Здружение во САД вели дека ова е првата контролирана студија на јо-јо режим на исхрана која што се извела за целиот животен век на едно суштество.

Тој тврди дека иако за јо-јо диетите се мисли дека се штетни, постојат многу малку научни докази кои што тоа би го потврдиле. Од оваа студија се заклучува дека е подобро да се продолжи со обидите за намалување на телесната тежина без разлика на нивната долготрајна успешност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top