Зошто сте им привлечни на комарците?

Еден комарец да има во радиус од 100 км, мене ќе ме касне!

 |  Маја Савиќ  | 
komarci
комарци

Малиот и непријатен комарец го привлекува токму вашиот мирис и изглед. Комарецот ја бира својата жртва по мирисот, а 20 отсто од популацијата се исклучиво привлечни за овие инсекти.
Комарците се многу визуелни суштества, особено во доцните попладневни и вечерни часови, па своите жртви најпрво ги бараат со видот, а посебно се истакнуваат луѓето кои носат темна облека – црна, темносина и црвена.

Комарците, кои ги има 3.000 видови на светот, а секогаш гризат женките, најпрво ја одредуваат својата жртва со видот, а потоа ја селектираат по мирисот. Всушност, нив ги привлекува нивото на јаглерод диоксидот кој го испуштаме со секое наше издишуваање.

komarciПокрупните лица и трудниците произведуваат повеќе јаглерод диоксид, па затоа се попривлечни за комарците. Исто така, нив ги привлекува и телесната топлина, па трудниците, чии тела произведуваат повеќе телесна темература, се особено атрактивни за комарците. Но, ако пиете пиво, станувате поголема мамка за комарецот, бидејќи вашито здив е „потежок“.

Комарците не гризат поради храната, со оглед на тоа дека се хранат со растителни нектари. Женките ја цицаат човековата крв за да добијат протеин за развој на јајцата. Некои видови комарци ги гризат само нозете, односно глуждовите, привлечени од мирисот на бактериите на стапалата, а големината на гризнувањето на комарците нема никаква врска со количината на крвта која инсектот ја исцицал, туку тоа е реакција на имунолошкио систем на плунката која комарецот ја оставил под кожата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top