Француската полиција пресретнала камион со околу 700 килограми кокаин скриен меѓу дваесет тони ракчиња во северозападна Франција.
Како што пренесуваат странските агенции, две лица се приведени во акција кај Ле Авр.
Полицајците го запреле камионот додека излегувал од пристаништето.
Меѓу кутиите со ракчиња од Екватор, пронајдени се 11 вреќи со вкупно 687 килограми кокаин, во вредност од повеќе од 40 милиони евра.
Персонал на британската армија ќе почне да доставува гориво до бензинските пумпи ширум земјата од понеделник, соопшти британската влада. Речиси 200 припадници на армијата, 100 од нив возачи, ќе обезбедат привремена поддршка за да се намали притисокот на бензинските пумпи. Британската влада, исто така, соопшти дека 300 возачи на цистерни од странство ќе можат да почнат со работа веднаш.
Неделава на бензинските пумпи низ Британија има огромни редици, откако недостигот на возачи на цистерни предизвика нарушување на испораката на горива.
Владата тврди дека има доволно гориво и додава дека с…
Според Глобалниот индекс за организиран криминал, Црна Гора е рангирана на прво место во Европа и на 14-то место во светот кога станува збор за трговија со дрога, а четврта во Европа по криминал, по Русија, Србија и Украина и 45-та во светот, јави РТЦГ.
Кога станува збор за отпорот кон криминалот, како што е наведено во Институтот за алтернативи, од 44 европски земји, Црна Гора е на 38-то место и 112-то место во светот.
Се наведува дека хероин од Албанија и Косово се шверцува за Србија и земјите од Европската унија и дека криминалните групи поврзани со тие дејности се карактеризираат со о…
Повеќе од 400 продавници на Лидл во Холандија повеќе нема да продаваат цигари или тутун, објави германскиот синџир продавници.
Со овој потег Лидл ја претрка владината забрана и стана првиот голем ланец што ги повлекува тутунските производи од понудата.
Лидл активно придонесува за создавање генерација на непушачи – велат од компанијата.
Лидл Холандија ја поддржува иницијативата на неколку здравствени организации чија цел е да им се даде можност на децата да растат без чад и да ги заштитат од штетните ефекти на пасивното пушење и искушението самите да почнат да пушат.
Холандската …
По осум години планирање, една година одложување и потрошени милијарди долари, првиот Светски саем (Експо) на Блиски Исток се отвори синоќа во Дубаи, со надеж дека ќе привлече голем број туристи и инвеститори во наредните шест месеци.
Не така одамна, просторот од 438 хектари беше пустина, која во меѓувреме беше претворена во футуристички пејзаж со роботи, метро станица и павиљони од милиони долари, сето тоа изградено од евтина мигрантска работна сила. Владата на Дубаи потрошила седум милијарди долари на екстравагантниот настан, кој има традиција од 1851 година.
Организаторите велат дека…
Вулканот Килауа, еден од најактивните на светот, повторно исфрла лава, но засега само од главниот кратер и не е закана за населението, соопштија американските власти.
Вулканот исфрла лава до висина на петкатница – објави на Twitter Американскиот геофизички завод.
Редовните ерупции на вулканот Килауа привлекуваат туристи уште од 50-тите години на минатиот век. Управата на националниот парк веќе почна да ги мобилизира вработените во очекување на зголемен број гости.
Се подготвуваме за поголем број посетители во текот на викендот – изјави Џесика Феракан.
Ерупцијата засега…
Најмалку девет жртви во пожарот во болницата за инфективни болести во романскиот град Констанца, пренесува АП. Во тек е евакуација на пациентите и персоналот од болницата за инфективни болести во Констанца.
Потврдуваме дека има мртви – соопшти Министерството за здравство.
Во соопштението се додава дека во болницата биле сместени 113 пациенти, од кои десет на интензивна нега.
Во Романија, која е членка на ЕУ, живеат 19 милиони жители. Во земјата имаше уште два смртоносни пожари во болници во последната година, што предизвика загриженост дека болничката инфраструктура во земјата е …
Фејсбук денеска објави дека го прекинува развојот на детската верзија на апликацијата за споделување фотографии на Инстаграм, по широката критика и загриженост дека платформата може да му наштети на менталното здравје на младите луѓе.
Одлуката за одложување на апликацијата за деца под 13-годишна возраст доаѓа кога Фејсбук се соочува со последиците од серијата „Волстрит Журнал“, која откри дека компанијата, според нивните сопствени истражувања, знаела за штетата што Инстаграм може да им ја нанесе на тинејџерките.
Објавата на Фејсбук следува само неколку дена пред сведочењето на еден од н…