Холандската влада го пофали потегот на компанијата, која го објави уште во 2018 година и постепено се прошири долж малопродажната мрежа.

Се надеваме дека нивниот пример наскоро ќе го следат и други ланци на супермаркети – вели холандскиот министер за здравство Пол Блохуис.

Од 2024 година, тутунските производи во Холандија ќе можат да се продаваат само на бензински пумпи, специјализирани продавници, киосци и продавници што добиваат специјална дозвола, пишува ДПА.

Од 2023 година, продажбата преку Интернет исто така ќе биде забранета, пишува Индекс.хр.