Вљубеноста не ги активира само пеперутките во стомакот туку делува подобро и од лекови за болки…
Ви откриваме десет фасцинантни промени во телото кои се активираат со вљубеноста.
Мозокот ја менува активноста во дел од секунда – Љубовта на прв поглед најчесто звучи како клише или добро избрендиран наслов на холивудски филм, меѓутоа, во прилог на веродостојноста на првиот чекор на вљубување ни доаѓа најновото истражување. Имено, љубовта активира дури 12 подрачја на мозокот, и исходот е чувство на вљубеност веќе во петтата секунда.
Срцето го успорува својот ритам – Вљубеноста влијае на нивот…
Истражувањето во Канада во осудесетите години покажало како е можно да се отстрани или барем да се намали забоболката без отворање на устата.
Забоболката е честа болест кај луѓето, а повеќемина имаат и страв од заболекар и затоа вреди да се проба со помош на коцка мраз да се отстрани болката на забот.
Се што е потребно да направите е коцката мраз да ја ставите помеѓу палецот и показалецот и полека да триете по дланката неколку минути.
Токму тоа подрачје на дланката е местото каде завршуваат нервните завршетоци кои се поврзани со центарот за болка во мозокот кој го контролира нивото на болка…
Неодамна додека пловеле со својот рибарски брод, рибарот Ендрју Балард во друштво на својот татко, наишле на несекојдневна глетка на езерото Мичиген.
Од својот брод воочиле огромен облак кој пред нив направил бел ѕид што се спуштал на површината на езерото и во права линија се протегал десетина километри. Во сцена која потсеќала на глетка од филмовите на стравот и ужасот, облакот се приближувал а набрзо го проголтува малиот рибарски брод.
Ендрју рекол дека тој и татко му одлучиле да останат на езерото и да видат како е кога ќе те проголта ваков облак. “Видовме како низок облак се приближува…
Кога се поставува ново видео на YouTybe и станува многу гледано, Google сака да се осигура дека тие прегледувања доаѓаат од вистински посетители е дека не се во прашање наместени кликања од одредени компании или поединци за да свртат внимание на своето видео.
Токму заради тоа YouTube го запира бројачот на 301 преглед се додека неговиот состав, статистички, не го прегледа видеото и на неговите копии на серверите ширум светот.
Тед Хамилтон, еден од менаџерите во YouTube, вели дека не знае зошто е токму тој број избран, и додава дека секое видео што ќе привлече голем број на прегледи за кусо …
Сам почувствувал со што се соочуваат луѓето кои живеат на улица. Градоначалникот на Стоктон во Калифорнија, Ентони Силва, одлучил во неговиот град да нема повеќе бездомници, но пред да промени било што, решил сам да го почувствува животот под ведро небо.
Така, на 15 мај, Силва направил засолниште од картони и селотејп под надвозникот и тука ја поминал ноќта во друштво со голем број бездомници.
Имено, во Стоктон има помеѓу 14 и 16 илјади бездомници, а градоначалникот бил шокиран од приказните кои ги слушнал од нив.
“Ова е шокантно и ужасно. Ова не е земја на третиот свет. Ова е Стоктон во Ка…
Во моментите на критични последици од климатските промени, еден од најпопуларните истражувачки проекти е проектот HAARP (High Frequency Active Auroral Research Program). Тоа е здружен проект на различни партнери: индустријата, американското министерство за одбрана, и бројни универзитети во САД (Калифорнискиот универзитет, Универзитетот во Аљаска, Тенолошкиот институт во Масачусетс, Стенфорд, Дартмоут, Тулса, Клемсон, Пен Стејт, Мериленд и Корнел универзитетот).
Од 1990 па се до 2007 година, студентите и експертите по физика се обидуваа да разберат и да го истражат сложениот дел од амосферат…
Волонтерот Драган Вујановиќ, кој заедно со колегите учествувал во акцијата за средување на Караѓорѓевата населба, пронашол паричник во кој се наоѓале 1800 евра, и во присуство на полицијата го вратил паричникот на сопственичката која била една од загрозените од поплавите.На денешната акција Вујановиќ дошол со колегите од работа и случајно го забележал паричникот. Во прв момент помислил дека некој изгубил документи, но кога го подигнал паричникот забележал дека внатре има пари.Тој веднаш соопштил на сите што се наоѓале во близина, а меѓу нив биле и жители од населбата кои го упатиле кон куќа…
Како последица на климатските промени во последните 30 години, глечерите на Хималаите се намалиле за една четвртина, со што расте и ризикот од природни катастрофи, предупредуваат научниците.Најновото истражување кое го спровел меѓународниот центар за интегриран развој на планините (ICIMOD), со седиште во Катманду, покажува дека во периодот од 1977 до 2010 година, ледената покривка се намалила за 24%.Лидерот на истражувањето, Самџвал Баџрачарја, изјавил за AFP дека намалувањето на глечерите во Непал, дефинитивно е поврзано со климатските промени и дека топењето на мразот е јасен индикатор де…