Меѓународната организација за вино, соопштила дека конзумацијата на вино во 2013 година опаднала. Спрема нивната анализа, Американците најмногу пијат вино во светот, пред Французите познати по култот за пиење вино.
Во 2013 година испиени се 238,7 милиони хектолитри вино, односно 2,5 милиони помалку во однос на 2012 година. Најмногу од испиеното вино е во САД (29 милиони хектолитри), потоа доаѓа Франција (28 милиони), потоа следуваат Германија, Италија и Шпанија, се наведува во соопштението.
САД прв пат ја надминаа Франција, земјата на виното, не затоа што Американците пијат повеќе туку Фран…
Лондон наскоро ќе му плаќа на British Airways за згрижување на својот отпад. British Airways од комуналниот отпад ќе произведува млазно гориво за своите авиони.
Компанијата најавила дека наскоро со помош на фирмата Solena Fuels ќе почне со производство на обновливо млазно гориво од комунален отпад.
Овој вид на гориво е поефтино од конвенционалното млазно гориво, а ќе помогне да се намали отпадот на депониите за ѓубре.
Отпадот кој е сортиран за рециклирање ќе се претвора во млазно гориво со помош на две технолошки методи, а од British Airways јавуваат дека производството ќе започне во 2015 …
Американски тим на археолози под водство на Barry Clifford ги фотографирал остатоците на бродот на северниот брег од Хаити, а локацијата одговара на онаа од дневникот на Кристофер Колумбо.
Археолозите веруваат дека на северниот брег од Хаити ги пронашле остатоците на легендарниот брод Санта Мариа со кој Колумбо ја открил Америка во 1492 година.
“Сите географски податоци, подводната топографија и археолошките докази силно сугерираат дека ова се остатоците на славниот брод на Колумбо“, тврди Barry Clifford. Овој американски подводен истражувач вели дека мораат да продолжат со работа за да го …
Новата студија на научниците на NASA од универзитетот во Калифорнија, открива дека дел од ледената покривка на Западен Антарктик алармантно брзо се топи и дека топењето ја преминало границата, без враќање.
Веќе ништо не може да го запре топењето на Антарктик и да го подигне нивото на светските мориња за 1,2 метри.
Станува збор за дел на Антарктик на подрачјето на Амундсеново море, истакнува глациологот и главниот автор на студијата, Eric Ringot, од споменатиот универзитет и Jet Propulsion Laboratory на NASA. Студијата на Rigot и неговите колеги ќе биде објавена во научниот часопис Geophysic…
Бил продавач на тезга а годинава влегол во листата на најбогати луѓе во Англија, бидејќи во минатата година заработил 695 милиони фунти, пишува Independent.
62 годишниот Chris Dawson своевремено го напуштил училиштето бидејќи не можел добро да чита и пишува. Меѓутоа, почнувајќи од тезга на која продавал часовници за 8,99 фунти, изградил трговско царство – дисконтниот ланец The Range – кој денес вреди 1,28 милијарди фунти, пишува Independent.
Dawson првиот Range дисконт го отворил во 1989 година а потоа се проширил и по југоистокот на Англија. Денес поседува 88 продавници во Англија и Шкотск…
Бројни истражувања за најпопуларната мрежа на светот покажале дека може да има големо негативно влијание за некои свои корисници и дека влијае на намалување на нивната самодоверба. Имено, со оглед на тоа дека голем број на луѓе на оваа мрежа објавуваат статуси и фотографии со кои се фалат и покажуваат колку им е добро во животот, односно објавуваат фотографии од излегувања, патувања, дружења и слично, дел од корисниците, гледајќи како нивните пријатели од Facebook добро се проведуваат, сметаат дека водат поприлично досаден живот и дека ништо не им се случува, а тоа влијае на нивното располо…
Жирито од политички причини не и дало на Русија ниту еден поен, тврди пратеникот на Демократскиот фронт, Славен Радуновиќ.
Тој го обвини црногорското жири дека ги наместило разултатите од гласањето за Евросонг. Радуновиќ повикувајќи се на официјалната интернет страница на Евросонг соопштил дека од политички причини, на песната на Русија, не и бил даден ниеден поен, без оглед на гласањето на гледачите од Црна Гора.
„На интернет страницата eurovision.tv потполно транспарентно е прикажан процесот на гласање. Русија добила најмногу гласови од црногорската публика, но жирито успеало да ги кореги…
Доручекот е новото воено поле, на кое рестораните за брза храна во САД се борат за надмоќ на пазарот.
McDonalds, Taco Bell и Burger king веќе со недели се тркаат кој ќе има најдобра утринска понуда во своите ресторани.
Во најновиот обид да привлечат муштерии во претпладневните часови, ланецот ресторани Burger king, покрај стандардното мени за доручек, ги понудил и своите добро познати бургери како вупер или чизбургер, пренесува агенцијата AP. Меѓутоа уште не е јасно дали станува збор за временски ограничена или постојана понуда.
„Најверојатно Burger king се обидува да смисли нови идеи како …