Војна за привлекување муштерии

Ново воено поле на рестораните за брза храна

 |  инфодеск  | 

Доручекот е новото воено поле, на кое рестораните за брза храна во САД се борат за надмоќ на пазарот.

McDonalds, Taco Bell и Burger king веќе со недели се тркаат кој ќе има најдобра утринска понуда во своите ресторани.

Во најновиот обид да привлечат муштерии во претпладневните часови, ланецот ресторани Burger king, покрај стандардното мени за доручек, ги понудил и своите добро познати бургери како вупер или чизбургер, пренесува агенцијата AP. Меѓутоа уште не е јасно дали станува збор за временски ограничена или постојана понуда.

Најверојатно Burger king се обидува да смисли нови идеи како да остане во утринската трка со брза храна, иако разумните муштерии добро знаат дека и сега можете да нарачате бургер за доручек, ако замолите културно“, оценува Eric Levenson, уредник на порталот Atlantic wire.

Во меѓувреме Taco Bell, ланец на ресторани познат по мексикански специјалитети, го проширил своето утринско мени, во намера да го достигне лидерот на пазарот популарниот McDonalds.

Ниту во McDonalds не седат со скрстени раце. Нивниот најнов потег во војната околу доручекот е одлуката во своите ресторани, кои работат 24 часа, да почнат да го сервираат доручекот веќе од полноќ.

Оваа војна околу доручекот ескалирала по контроверзната реклама на Taco Bell во која се појавуваат неколку мажи кои го рекламираат утринското мени, а наводно сите се викаат Ronald McDonald, исто како кловнот кој е заштитно лице на конкурентот McDonalds.

McDonalds, секако, не останал должен, па на социјалните мрежи лансирал фотографија на која Ronalд McDonald мази Taco Bell чивава и ја теши со зборовите “Имитацијата е најискрен облик на ласкање“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top