Ное 9, 2011

Дијабет карван во Струга

„За здравје се потребни двајца“. Ова е мотото на караванот на дијабет кој е во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, заедно со Министерството за здравство. Тие денес беа во Струга. Бесплатни совети и мерење на шекер во крвта. Стружани денес беа дел од карванот на дијабет кој годинава е под мотото „За здравје се потребни двајца“. Овој карван предизвика голема заинтересираност кај граѓаните на општина Струга, бидејќи пред влезот на подвижната дијабет амбуланта имаше голема редица на пациенти. Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија Д…

Ное 8, 2011

Митровден со пластични чаши

Поради дефектот кој настанал четвртокот попладне на 03 ноември, граѓаните на Струга кои живеат на ул. Кеј Борис Кидриќ, 5 дена останаа без вода за пиење. Состојбата е алармантна, укажуваат стружани. Тие најмногу се револтирани на некоректниот однос на раководните структури на МЈП Проаква-Струга, кои наместо да се нафатат да го решат проблемот, се однесувале незаинтересирано. Здравко Голабоски жител на Струга рече дека доколку не се реши проблемот, ќе се бара излез на повисоко ниво.Проблемот е сериозен и предолго трае, вели Филип Дејкоски, исто така засегнат грѓанин на Струга. Тој додаде дек…

Ное 8, 2011

Тајниот долап и стрелањето на Радолишани

Пред 67 години кога во Струга со жестоки вооружени борби на партизанските единици на Митровден осамнува слободно утро, претходеле многу бурни историски настани. Професор д-р Павле Митрески не потсетува на два од нив. На почетокот од  есента 1944 година поткажана од кодоши, германските окупаторски војници бараат да ја уапсат стружанката позната како храбрата Мајка Марија. Марија  Стефаноска меѓу стружани била позната под овој прекар, а во нејзината  куќа се криеле многу партизани и илегалци од партијата. Мајка Марија го следела примерот на  Илинденците кои во куќите правеле тајни  скривалишт…

Ное 8, 2011

Денови на историјата

67 години слободна Струга. На 08.ми ноември 1944 година после дваесет дневна битка со фашистичкиот окупатор ослободена е Струга. Овој ден сеуште го памети стружанецот 88 годишниот Илија Балоски, кај кој сеуште не избледеле спомените за тој настан. Тој воедно е последниот жив сведок од списокот на 25 те стружани кои биле во составот на Првата македонска бригада. Баловче вели дека денеска е голем празник во Струга, кој се слави по 67 пат.На плоштадот во Струга, на споменикот на револуцијата, свежо цвеќе положија здруженијата кои имаат врска со настаните од НОБ, во присуство на истакнати лично…

Ное 5, 2011

Југозападен преку проект ќе го решава пробламот со фекалната канализација во Велешта

Центарот на југозападниот плански регион ќе го решава проблемот со секундарна канализација во струшкото село Велешта. Проблемот кој се провлекува веќе десет години, резултира со излевање на канализација, проблем со отворени шахти кои се набезбедни и незаштитени. Жителите стравуваат за безбедноста на нивните деца кои секојдневно се изложени на опасност од пропаѓање во нив. Жителите на Велешта години наназад од надлежните бараат да се реши проблемот со канализациониот систем, стравувајќи од последиците кои можат да настанат поради овој нерешен проблем.Центарот за развој на Југозападниот планс…

Ное 15, 2021

Изградбата на современ ски-центар на Јабланица се коси со плановите за заштитата

Изградбата на современ ски-центар на Јабланица се коси со плановите за заштитата, кои претендендираат планината да биде прогласена за Национален парк. Ова е ставот на активистите, откако Агенцијата за промоција и странски инвестиции го презентираше проектот за изградба на скијачки патеки на планината Јабланица со должина од 85 километри, 21 километар скијачки лифтови и два резервоари за производство на снег. Во проектот е предвидено изградба на 10 хотели, а вкупната вредност на инвестицијата е околу 320 милиони евра. Дефиницијата за таков простор е дека се забранети, недозволиви било к…

Ное 5, 2011

Стружанец заработи најмногу во 2010

Ланската месечна плата на анонимниот стружанец била 200 илјади евра (2,4 мил. евра годишна). И на втората и на третата позиција, според најголемата заработувачка, лани биле скопјани со пријавена годишна плата од приближно 2 милиона евра. А, на последната позиција е тетовецот со 970 илјади евраНајголемата заработувачка минатата година изнесува 148.810.733 денари и е пријавена од жител од Струга кој се занимава со менаџирање.  По него, како што информираа на прес-конференција во Управата за јавни приходи следи жител од Скопје со 141.612.219 денари,а во првите десет покрај скопјани има и еден …

Ное 1, 2011

Трнлив пат до сопственост

Туѓото не го сакам, моето не го давам. Борис Коркутоски од Струга, неможејки повеќе да молчи и сам да се справи со неправдите кои му се нанесуваат, како што самиот вели, решил за помош да се обрати до сите релевантни субјекти во државава. Тој кажа дека согласно Судската спогодба и Договор за поклон донесени и заверени од струшкиот суд, површината на градежната парцела каде се наоѓа неговата куќа изнесува 308 м2, а со приватизацијата изнесува 264м2. Додава дека 44 м2 му се украдени од комшиите, а со благослов на државните институции. Коркутоски вели дека и од геодетските вешти лица докажале …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top