Мај 26, 2010

Промовирани новите дипломци на ФТУ

Пред Св. Климентовиот храм на Плаошник, промовирана нова генерација студенти  кои студиите ги завршија по студиски програми дизајнирани според највисоките стандарди, европскиот кредит трансвер систем, на ФТУ. На  денешната свеченост дипломи им беа врачени на 120 студенти од сите насоки. „ Нашите дипломирани студенти може да ги сретнете по сите институции“, рече проф. д-р. Цветко Андреески – в.д. Декан на ФТУ.Проректорот на универзитетот проф. д-р. Пере Аслимоски, ги награди  четирите најдобри студенти  од студиските рограми на ФТУ за Учебната 2009/2010 год. Наградени беа Арнаудов Наум Климе…

Мај 26, 2010

Невработеноста во Струга не е алармантна

Невработеноста е голем и акутен проблем. Познато е дека Македонија е втора после Косово по степенот на невработеност. Според првиот човек на Агенцијата за вработување, Џевит Зиба, состојбата со невработеноста во општина Струга не е алармантна. Зиба смета дека овој проблем ја нема димензијата за која се зборува во општеството.Од вкупно 8894 невработени во струшкиот регион 3466 се жени. За самохраните мајки и жртвите на семејно насилство од страна на Агенцијата за вработување се води иста грижа како за останатите невработени жени во општина Струга вели раководителот Зиба. Зиба потенцира дека …

Мај 25, 2010

Дали ќе се исполнат дадените ветувања

Струшките гимназии „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“, години наназад беа мета на немили настани и бројни тепачки. Еден од начините за  надминување на проблемите во овие гимназии беше решавање на просторното прашање или обезбедување нова училишна зграда. На тоа пред една година се обврзаа и Локалната од Струга и централната власт, но по се изгледа збор дадоа само кога им гореше под нозе. Сеуште нема никаква реализација на многубројните ветувања. Министерот за образование, Никола Тодоров пред неколку дена изјави дека нема што да се договара со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко околу изградбат…

Мај 24, 2010

„Просветителската“ регата во Струга

Во организација на eдриличарскиот клуб „Снегар“ во водите на Охридското езеро забелеaа 25 едрилици. Едриличарските клубови од „Бофор“ од Охрид и „Снегар“ од Струга ги одмерија силите во неколку олимписки класи во едрење. На регатите учествуваа вкупно 25 едриличари од овие два едриличарски клуба, како и пратечката екипа составена од судии и тренери.Едриличарите се натпреваруваа во олимписките класи Ласер стандард, Ласер радијал, Ласер 4.7,  Фин, Европа, како и најмалата класа Оптимист. Од оптимистите најдобар беше Димитар Поп стефанија од ЕК „Стрмец“, второто место му припадна на Илче Грунче…

Мај 22, 2010

На секој чекор паркинг

Дворното место на ОУ „Браќа Миладиновци“, претворено во паркинг простор. Родителите на учениците збунети. Велат дека максимално е загрозена безбедноста на нивните деца и прашуваат кој е тој што се дрзнал тоа да им го дозволи. Тие додаваат, наместо надлежните да го оградат дворното место на училишето со цел децата да има каде да го изведуваат физичкото образование, го прават спротивното, работат во интерес на поединци. На ова укажува Советот на родители при ОУ „Браќа Миладиновци“. Претседателот на училишниот совет, Агрон Љумани вели дека досега никој од надлежните незнае кој е одговорен за о…

Мај 21, 2010

Плажите во Струга во вистински раце

ТВМ вчера, веднаш после состанокот на комисијата за јавно наддавање во која беа вклучени Министерството за транспорт и врски, Министерството за економија и општина Струга ги објави идните 7 концесионери на струшките плажи.  Денес на оваа тема својот став го изнесе и градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко. Имено, Мерко вели дека јавното наддавање поминало транспарентно што според него е во интерес на доброто за Струга. Тој рече дека очекува да се откаже само концесионерот на „Женска плажа“, Мерсим Селими, бидејќи за таа плажа била достигната најголема сума по метар квадратен.Урдувањет…

Мај 21, 2010

Надлежните ги прикриваат доказите

Случајот за неисплатени патни трошоци на Даниела Будиноска за која што ТВМ пишуваше пред околу еден месец без епилог. Како што веќе ве информиравме Будиноска е на дијализа веќе 15 години. Нејзината здравствена состојба е влошена. Покрај тоа таа секојдневно е под тензија заради дополнителните грижи. Будиноска вели дека и покреј ветувањата на директорот на Фондот за здравство Косто Фармакоски дека ќе и бидат надохнадени сите неисплатени сметка таа се соочува со нов атак од надлежните, нејзиното барање е одбиено.Будиноска рече дека неможе да ја разбере тортурата што ја трпи од Фондот за здравс…

Мај 21, 2010

Заеднички живот со еднакви права

Националните и меѓународните институции од областа на науката и професијата, локалната власт и бизнисот се сретнаа денеска во Струга. Повод беше втората конференција насловена како „Предизвиците на меѓуграничната соработка и развој на Македонија, Косово и Албанија“. Целта на конференциите од ваков домен е „обединета Европа“, рече домаќинот на овој состанок, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој потенцира дека „меѓуграничната соработка е приоритет за сите земји на Балканот и пограничните општини веќе треба да се подготвени со проекти за да можат да ги искористат  Европските фондови“.Гр…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top