Заеднички живот со еднакви права

Заедничките проблеми треба заеднички да се решаваат, сметаат претставниците на 5-те земји членки на „Форумот за меѓугранична соработка и развој“.Тоа би се остварило само со прекугранична соработка.

 |  Билјана Николовска  | 
Konferencija
Конференција

Националните и меѓународните институции од областа на науката и професијата, локалната власт и бизнисот се сретнаа денеска во Струга. Повод беше втората конференција насловена како „Предизвиците на меѓуграничната соработка и развој на Македонија, Косово и Албанија“. Целта на конференциите од ваков домен е „обединета Европа“, рече домаќинот на овој состанок, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој потенцира дека „меѓуграничната соработка е приоритет за сите земји на Балканот и пограничните општини веќе треба да се подготвени со проекти за да можат да ги искористат  Европските фондови“.
Градоначалникот на Гнилање- Косово, Ќемаил Мустафа потенцира дека неопходна е соработка бидејќи градоначалниците кои се блиску до границите се судруваат со реални проблеми во функционирањето. Тој додаде дека за побрз развој на пограничните региони неопходно е отварање на нови гранични премини и ги посочи местата на кои има таква можност.
Оваа конференција ја отвора можноста за прекугранична соработка и развој, како и каналите на комуникација меѓу граѓаните на централната и локланата власт на државно и меѓудржавно ниво, смета Илир Кроси градоначалникот на Пешкопеја. Тој ја подржа иницијативата на отварање што повеќе гранични премини бидејќи со тоа би се поттикнал развој на економско и културно поле и додаде дека линкот помеѓу Струга и Пешкопеја е Дримскиот басен.
Сабри Кадриу претседателот на Форумот за меѓународна соработка и равој ја кажа целта на конференциите. Според него мирот, соработката, толеранцијата и правото на граѓанинот да живее слободно и да ги реализира начелата на демократијата и правдата се главните цели.
Првата конференција на Форумот за меѓународна соработка и развој се одржа во Ѓаковица Косово. Втората во Струга, а преостануваат уште три состаноци. Во него се вклучени 5 земји, Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово. Денеска на состанокот во Струга немаше претставници на нашата Влада. Министерот за локална самоуправа Муса Џафери се опревдал дека денес имало ребаланс на државниот буџет и сите високи претставници биле таму.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top