„Просветителската“ регата во Струга

Во Струга се одржаа две едриличарски регати посветени на словенските просветители.

 |  Крсте Голабовски  | 
regata
регата

regataВо организација на eдриличарскиот клуб „Снегар“ во водите на Охридското езеро забелеaа 25 едрилици. Едриличарските клубови од „Бофор“ од Охрид и „Снегар“ од Струга ги одмерија силите во неколку олимписки класи во едрење. На регатите учествуваа вкупно 25 едриличари од овие два едриличарски клуба, како и пратечката екипа составена од судии и тренери.

Едриличарите се натпреваруваа во олимписките класи Ласер стандард, Ласер радијал, Ласер 4.7,  Фин, Европа, како и најмалата класа Оптимист. Од оптимистите најдобар беше Димитар Поп стефанија од ЕК „Стрмец“, второто место му припадна на Илче Грунчев од ЕК „Бофор“ од Охрид, додека трет беше Златко Златески од Е.К „Снегар“ од Струга.Слабиот ветер со константен правец и јачина не беше причина едриличарите  да не покажат солидни резултати, истакна Влатко Кавај од ЕК „Стрмец“. Кавај додава дека денешните регати ќе бидат добра подготовка за претстојните учества од меѓународен карактер.

Кавај информира и за нови активности на едриличарите. Имено од неодамна имаме сознанија за интензивирани активности на создавање на едриличарски клубови од соседна Албанија како и на создавање на едриличарска федерација. Се надеваме дека ќе стапиме во контакт со нив се со цел остварување на подобри резултати“ потенцира Влатко Кавај. Просветителските регати се одржаа на добро познатото регатно поле “Градска Плажа” а беа во во организација на ЕК “Снегар“ од Струга.

Останати резулати:

Класа Оптимист јуниори

Илче Грунчев Бофор
Златко Златески Снегар
Димитар Поп Стефанија Стрмец

Европа

Кире Митрески
Агим Фејзулоски
Љупчо Кочески    Снегар

Фин

Иван Андреески
Сенад Љушкоски   Снегар

Ласер Стандард

Љубиша Милески  Бофор
Димитар Шаторошки  Снегар
Халил Љушкоски  Снегар

Ласер Радијал
Ердал Љушо
Марјан Грданоски  Снегар
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top