Апр 14, 2011

Морбилите ги мобилизираа невакцинираните

Во Струга и Охрид нема ниту еден случај на морбили. Епидемијата на малите сипаници во Скопје, не ги остави рамнодушни надлежните од Министерството за здравство. Последниве три месеци оваа сипаница зеде голем замав, пред се кај невакцинираните лица. Поради тоа, надлежните здравствени власти презедоа превентивни мерки за сузбивање на морбилите, посебно кај невакцинираните, делумно вакцинираните лица, дури и кај шестмесечните бебиња. Др Лилјана Дурацоска појасни за какво заболување станува збор. „Започнува со кивање кашлица и висока температура. Опсипот излегува после третиот  ден и го има нас…

Апр 14, 2011

ДУИ ги манипулира гласовите на албанците

ДУИ е во клиничка смрт. Мерко само се обидува да ја спаси. Струшкиот огранок на ДПА, со здружени сили на ограноците на ДПА на Пелагонискиот регион изразија вознемиреност во врска манипулацијата со гласовите на Албанците. Малиќ Шемшедини, претседател на огранок на Преспанскиот регион, рече дека основните вредности на демократијата се изгубени и тоа било, ни помалку, ни повеќе, туку само конкурентност на политичките опции. Тој предупреди дека албанска нација има насекаде, не само во Струга. Шемшедини во кратки црти спомна дел од пропустите на ДУИ, посебно во градовите каде што според него алб…

Апр 13, 2011

Меѓурeлигискиот дијалог, десет годни после Охридскиот договор

Карл Маркс рекол дека: „Религијата е опијум на народот“. Но, често пати оваа негова максима погрешно е интерпретирана, за да кон религијата се гледа како на нешто кое на сила им се наметнува на верниците, со цел полесно со нив да се манипулира, велат експертите. Едноставно, религијата е внатрешна потреба на верниците, за потрага по личната среќа, на начин кој понекогаш е дури комплетно илузорен, метафизички, нереален. Десет години после воениот конфликт во Македонија, меѓуетничката, меѓурелигиската ситуација, не е многу променета. Сведоци сме дека посебно во последниве неколку години, низ …

Апр 9, 2011

Заврши третата средба на Кор групата за Дримскиот дијалог

Во Тирана се одржа третта средба на Кор групата за Дримскиот Дијалог составена од преставници од петте држави од Дримскиот Басен. Состанокот беше продолжение на дримскиот дијалог, како иницијатива – процес на управување и заштита на целокупниот дримски басен, каде беа изложени сите елементи кои се однесуваат на управвањето на суб басените како што се Охридско, Преспанско и Скадарско езеро и напредокот кој е направен во тие суб басени. „Од наша страна најмногу се задржавме на напредокот кој е направен во однос на  систематизацијата на самото министерство каде што управувањето е конечко насоч…

Окт 29, 2021

Упад во канцелариите на Државниот просветен инспекторат, Трудовата инспекција и Воените инвалиди во Струга

На 28.10.2021 во 07.40 часот во СВР Охрид пријавено дека во периодот од 16 часот на 27.10.2021 до моментот на пријавување, со употреба на сила било влезено во зграда каде се сместени канцеларии на Државен просветен инспекторат, Трудова инспекција и Воени инвалиди на улицата „Владо Малески” во Струга. Било извршено претурање по канцелариите, но не било ништо одземено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Охрид.

Апр 9, 2011

15 години затворска казна за Џемаил Асани

Разврска на убиството на Џемаил Исмаили. Конечно денес во Основниот суд во Струга падна пресуда за сторителот на ова убиство. Џемаил Асани е сторител на кривично дело убиство. Судскиот совет предводен од судијата Живко Аврамоски, Асани го прогласи за виновен и го осуди на затворска казна од 15 години. Димитрија Цобоски, бранителот на оштетениот Мефаил Исмаили, рече дека изречената казна е максимумот што може да се извлече од една ваква правна квалификација за обвинетиот, но според него прашање е дали е погрешна правната квалификација со која настапил застапникот на обвинението. Цобоски поте…

Апр 8, 2011

Меѓурелигискиот дијалог предизвик или визија?

Младите се зафатија за работа и седнаа на маса на меѓурелигиска комуникација. Од денес па во наредните 7 дена во Хотел „Дрим“, 30 учесници од 29 земји од Европа и надвор од неа ќе бидат на обука во Струга. Тема на обуката е да се овозможи простор за споделување и создавање на нови концепти на меѓурелигискиот дијалог адресиран на младински работници кои што работат во различни културни и религиски опкружувања. Претставникот од центарот за меѓурелигиски дијалог Линдита Реџепи од Куманово, рече дека време е да се види дали младите можат да се соберат и да разговараат на ова поле, колку постои …

Апр 7, 2011

Светскиот ден на здравството одбележан во Струга

Бесплатните превентивни прегледи добредојдени за стружани. По повод 7 ми април светскиот ден на здравството, во Струга, пред хотелот „Београд“, и во село Радожда, се вршеа бесплатни прегледи на крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта кај населението. Некои од мештаните за прв пат ги правеа овие анализи, други пак, кажаа, дека ваквите акции се за поздравување, бидејќи само вака се одбегнуваат големите турканици во болниците, а на добар дел не им се веруваше дека без книшка, син картон и пари може да се случи и тоа. Кампањата за превентивни  и бесплатнни прегледи е добар потег на Министер…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top