Меѓурeлигискиот дијалог, десет годни после Охридскиот договор

Десет години после Рамковниот договор, експертите со став, потребно е уште време за подобрување на меѓурелигиските односи кај нас.

 |  Крсте Голабоски  | 
konferencija
конференција

konferencijaКарл Маркс рекол дека: „Религијата е опијум на народот“. Но, често пати оваа негова максима погрешно е интерпретирана, за да кон религијата се гледа како на нешто кое на сила им се наметнува на верниците, со цел полесно со нив да се манипулира, велат експертите. Едноставно, религијата е внатрешна потреба на верниците, за потрага по личната среќа, на начин кој понекогаш е дури комплетно илузорен, метафизички, нереален.

Десет години после воениот конфликт во Македонија, меѓуетничката, меѓурелигиската ситуација, не е многу променета. Сведоци сме дека посебно во последниве неколку години, низ градовите во Македонија на оваа тема се одржуваат најразлични трибини, конференции, работилници. Наим Мемети од Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, вели дека овие инструменти навистина помагаат за продлабочување и подобрување на меѓурелигискиот дијалог кај нас, но потребно е време.

Експертите посочуваат дека дискусијата за оваа проблематика мора да се води на сите нивоа. Националниот стручен директор на УНЕСКО, Зојка Наскова е децидна Прво мора да се започне со институциите на највисоко ниво, верските заедници, за да преку државните институции се заврши со најважниот дел, верниците. Во никој случај не смее да се занемари улогата на политичките тела и инструменти при јакнење на овој вид дијалог, вели Наскоска. Сепак зборуваме за еден долготраен континуиран процес кој бара големо залагање и трпение.

На Конференцијата за меѓурелигиски дијалог, која се одржа денес во Хотелот Дрим во Струга. претставници, на различни локални и национални институции од 30 земји како што се: Македонија, Албанија, Косово, Србија, Грција, Хрватска, Словенија, Полска,Шпанија, Франција, Летонија, Австрија, Ирска, Турција, Унгарија, Италија,Палестина,Израел, Јордан,Русија, Шведска, Украина, Грузија, Азербејџан, Египет, дискутираа на тема меѓурелигиски дијалог во младинската работа . На Конференцијата излагања имаа експерти како и претставници на различни локални и национални институции.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top