Морбилите ги мобилизираа невакцинираните

Епидемијата на малите сипаници во престолнината, ги мобилизира сите здравствени центри во земјава. Од денес, стапува на сила мерката,  делување како за вонредна состојба, која ја изрече Министерството за здравство.

 |  Билјана Николоска  | 
d-r
д-р

karton za vakcinacijaВо Струга и Охрид нема ниту еден случај на морбили. Епидемијата на малите сипаници во Скопје, не ги остави рамнодушни надлежните од Министерството за здравство. Последниве три месеци оваа сипаница зеде голем замав, пред се кај невакцинираните лица. Поради тоа, надлежните здравствени власти презедоа превентивни мерки за сузбивање на морбилите, посебно кај невакцинираните, делумно вакцинираните лица, дури и кај шестмесечните бебиња. Др Лилјана Дурацоска појасни за какво заболување станува збор.

„Започнува со кивање кашлица и висока температура. Опсипот излегува после третиот  ден и го има насекаде а најизразен е во усната шуплина. Дишните патишта исто така се најсензибилни доколку се појават малите сипаници“. Др. Дурацоска, водејќи се соглано препораките на вонредните мерки на министерството, апелира и лицата над 18 годишна возраст, кои не ја примиле оваа вакцина да се јават во центрите за епидемиологија.

Денес во Струга, од морбили беше вакцинирано и првото шест месечно бебе. Инаку, во нормални услови оваа вакцина се прима на едногодишна возраст, а се ревакцинира на 6 години. Границата е поместена поради сериозноста на проблемот од ова заболување. Др. Дурацоска појасни што треба да прават пациентите доколку се соочат со ова заболување. „Мирување в кревет и употреба на медикаменти согласно интенцијата на теммпературата“.

Др. Дурацоска вели дека општина Струга досега успешно ги спроведувала сите вакцинации и потенцира дека дури и кај ромското население била разбудена свеста за значењето од  вакцинирање.

Директорката на Здравствен дом-Струга, Др. Вера Попоска вели дека од нивна страна веќе бил изготвен оперативен план за делување. Во одделението веќе функционирале две смени составени од 1 доктор и 2 медицински сестри, исто така, се вршело мониторинг на терен, кој се состои во откривање на сите невакцинирани лица. Патронажната служба ги посетувала семејствата, додека пак, службите на школска медицина, биле ангажирани во образовните установи. Попоска додава дека биле организирани исто како за вонредна состојба.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top