Заврши третата средба на Кор групата за Дримскиот дијалог

Во Тирана се одржа третта средба на Кор групата за Дримскиот Дијалог составена од преставници од петте држави од Дримскиот Басен.

 |  Татјана Маленкова  | 
Dejan Panoski
Дејан Паноски

Во Тирана се одржа третта средба на Кор групата за Дримскиот Дијалог составена од преставници од петте држави од Дримскиот Басен.

r. Crn DrimСостанокот беше продолжение на дримскиот дијалог, како иницијатива – процес на управување и заштита на целокупниот дримски басен, каде беа изложени сите елементи кои се однесуваат на управвањето на суб басените како што се Охридско, Преспанско и Скадарско езеро и напредокот кој е направен во тие суб басени.

„Од наша страна најмногу се задржавме на напредокот кој е направен во однос на  систематизацијата на самото министерство каде што управувањето е конечко насочено на ниво на речен басен и тоа е добро затоа што ги имплементира европските директиви во управуавњето со водениете басени“, истакнува.

„Она што е можеби најважно е она што беше договорено на состанокот на министрите на 18 април во Охрид, министрите од Југоисточна европа за животна средина, кога ќе биде искажана една декларација од страна на миснистрите со напомена дека ќе се даде подршка за заедничка визија во септември за Дрим што ќе ја имаат сите држави. Тоа ќе ни ги отвори вратите и за конкретно работење во басенот односно за превземање на мерки и за заштита и за мониторинг на водите и секако превземање на пилот проекти и други ефективни мерки на терен“, истакна Дејан Пановски член на Кор Групата за Дримскиот процес.

Паноски додава дека според агендата дримски дијалог ќе продолжи на 14, 15 јуни и во Црна Гора. Со тој состанок ќе се затвори целокупниот круг.  „Апликацијата за целокупниот 4 и пол милионски проект е поднесена во глобалниот еколошки фонд и има добри шанси да биде одобрена и со тоа да се затвори целокупната конструкција за еден ваков басен што значи дека ќе се отвори доста работа, за сите кои што ќе сакаат да влазат во ваков проект за да се обезбеди квалитетно управување и заштита за целиот дримски басен“, истакнува Паноски, кој е член на Кор Групата за Дримскиот процес.

„Во Tирана се покажа уште важен момент дека кога се работат вака успешни иницијативи и кои долго траат додека покажат резултати е нормално но треба трпение, но сепак за целото залагање и успех се дава голема подршка за разлика од кај нас што менаталитетот ни е таков , онаму каде што се постигнува успех се гледа тоа да се омаловажи и тргне на страна затоа што со тоа сите губиме, и ќе треба во иднина да го поправиме“, додаде Паноски.

Дримскиот дијалог продолжува на 18 април во Охрид кога сите министри за тој процес ќе треба да дадат политичка потврда, за да потоа проектот продолжи со конкретните мерки кои ќе се случуваат во басенот.

Дримски Дијалог,  започна на 2- ри ноември 2010 година во Охрид.  
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top