Ќе се спроведе есенска системска дератизација во септември

Post Views: 6 Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а со одлука на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна системска дератизација како една општа против епидемиска мерка, Центарот за јавно здравје два пати годишно ја спроведува оваа активност. Пролетната веќе е спроведена со мало задоцнување поради временските неприлики, додека есенската треба да заврши најдоцна до 20-ти септември, информираат од Центарот за јавно здравје. „Опфатен е цел град и стариот и новиот дел на градот заедно со пригратските населби, се поставуваат парафински блокови,...

Continue reading

Comodita Home донираше душеци, перници и постелнини на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија

Post Views: 4 Comodita Home донираше душеци, перници и постелнини на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија. Со оваа акција ја продолжуваат хуманата мисија под слоганот „Секој сон е важен“. Со донацијата на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија, Comodita Home ја продолжува својата хумана акција на донации на над 1500 душеци, а донацијата е во вредност од над 100 000евра. Comodita Home на пазарот во Македонија е од 2019 година, а во месец октомври официјално веќе се отвори и 20-от продажен центар, во новиот East Gate mall. На хуманитарната средба во ЈЗУ...

Continue reading

Мауцкер делумно ќе се исчисти

Post Views: 1 Депонијата на Мауцкер сеуште не е исчистена. Иако уште пред две години Секретарот на општината Димитар Спасески заедно со Зоран Рафтоски, раководителот на Секторот за подршка на градоначалникоти и тогашната директорка на ЈП „Комуналец“, Елена Скрческа на официјална пресс конференција најавија дека депонијата во најкраток рок ќе биде исчистена, на ова место две години подоцна можат да се забележат купишта шут и друг вид на отпад. Екипи од „Комуналец“ тогаш неколку недели го чистеа отпадот, но се откажаа бидејќи немаа ниту механизација ниту кадар за тоа. Трабаше да се...

Continue reading

Утре ќе се одржи изложбата „Низ детските очи 2“

Post Views: 5 Втора година по ред се одржа летната сликарска школа „Пробај уметност“, која траеше осум недели и во неа учествуваа преку триесет деца. За разлика од лани, оваа година со делумна финансиска помош од Општина Охрид и донации од граѓани, беше овозможено 10 деца од семејства од ранлива категорија да бидат дел од школата, велат организаторите. Како завршен дел од проектот, планирана е и изложба, насловена „Низ детските очи 2“. На изложбата ќе бидат поставени 84 слики од 21 автор. Сите слики се работени во текот на сликарската школа, а авторите се деца на возраст од 5 до...

Continue reading

Поништен третиот тендер за изградба на јавни тоалети од Југозападниот плански регион

Post Views: 0 Никако да се најде градежна фирма што ќе ги изгради јавните тоалети во Охрид. Градот и по трет пат нема среќа со успешноста на тенедерот за изградба на јавни тоалети. Југозападниот плански регион го поништил третиот тендер и во меѓувреме распишал нов. Причината иста како и лани, на тендерската постапка не пристигнала нити една соодветна понуда, информира Мирјана Лозаноска директор на Југозападниот плански регион. „Тендерите се отворени на елктронскиот систем за јавни набавки и сите фирми или економски оператори кои сметаат дека може да ја завршат таа работа и ги исполнуваат...

Continue reading

Се е подготвено за 31то издание на Меѓународниот атлетски маратон

Post Views: 3 Во тек е пријавувањето на учесниците за претстојното 31-во издание на Меѓународниот атлетски маратон во Охрид. Подогтовките се пред самиот крај. Рокот за пријавување истекува на 25-ти август, а досега се пријавени околу седумдесет учесници. Пријавувањето за трките е на веб страната www.smartrace.club, а котизацијата изнесува 600 денари за маратонската трка и 400 денари за трката на 5 км. Претседателот на Здружението „Охридски Атлетски маратон 2012“ Пецо Неданов вели дека радува фактот што годинава е зголемен бројот на пријавени женски учесници за маратонот. Здружението...

Continue reading

До вселената наскоро со лифт

Post Views: 2 Компанијата Thoth Technology сместена во канадскиот Онтарио добила права за изградба на структура која, како што се предвидува, на принцип на лифт ќе ги праќа астронаутите од Земјата во вселената.Канадската компанија дизајнирала кула висока 20 километри чија цел ќе биде превоз на астронаутите во вселената со лифт. Плановите за изградба на овој вселенски лифт веќе се одобрени од страна на американското биро за патенти, пишува The Independent.Оваа кула ќе биде 20 пати повисока од моментално највисоката зграда на светот, Burj Khalifa. Од компанијата Thoth Technology напоменуваат...

Continue reading

Повторно намален број на запишани ученици во руралните општини

Post Views: 1 Годинава повторно помал бројот на запишани ученици во основните училишта во руралните општини особено во прво одделение. Општина Дебрца е една од тие општини. И покрај ваквиот негативен тренд кој е карактеристичен за територијата на целата држава, од оваа општина продолжуваат со реализација на инфраструктурни проекти кои се однесуваат на подобрување на условите за спроведување на образовниот процес. Во отчетот на градоначалникот на општина Дебрца за сработеното во изминативе четири години, стои дека во овој период реконструирани и изградени се 5 основни уличишта од вкупно...

Continue reading

Ana Durlovski

Ана Дурловски ќе пее во Метрополитен операта во Њу Јорк

Post Views: 69   Се смета дека уметникот што ќе настапи во „Метрополитен” си обезбедил светска кариера. Дурловски ќе настапи како Kралицата на ноќта во операта „Волшебната флејта” на Моцарт, улога со која пред речиси осум години дебитира на сцената на реномираната Виенска државна опера. Дурловски за „Дневник” вели дека оваа улога на- Kралицата на ноќта, веќе подолго време е на нејзиниот репертоар, работена во повеќе од 15 сценски и режиски видувања и тоа секако дава сигурност. Сценските проби во Њујорк ќе почнат на 15 септември. „Со Рене Папе повеќепати досега сум...

Continue reading

И оваа учебна година во општина Охрид се формираа паралелки со помалку од 24 ученици

Post Views: 2 И оваа учебна година во општина Охрид се формираа паралелки со помалку од 24 ученици. Оваа одлука беше донесена на седница на совет од страна на градските избраници, а оправданоста на истата се наоѓа во фактот што доколку не се превземе ваков чекор многу работни места на одделенски и предметни наставници треба да згаснат, а и неколку училишта посебно во руралните средини ќе треба да се затворат. Одлуката е за поздравување, но од друга страна организирањето на ваквите паралелки непотребно го троши и така тенкиот буџет на општината. За да не се случи конфликт помеѓу законодавецот,...

Continue reading

Пожарот кој викендов беснееше во близина на селото Вапила е локализиран

Post Views: 2 Пожарот кој викендов ја зафати шумата во атарите на селата Вапила и Сирула, Охридско е локализиран, велат од Територијалната противпожарна единица од Охрид. Голема површина од дабовата и боровата шума во овој реон е опожарена, односно станува збор за 20 хектари шума од атарот на село Вапила и околу триесеттина хектари од атарот на село Опеница. Утрово охридските пожарникари направиле повторно увид на опожарената површина, каде е констатирано само догорување на суви гранки без можност за дополнително ширење на пожарот. Проблем на пожарникарите и екипите на македонски...

Continue reading

nabizi otvoranje

НАБИЗИ – успешна бизнис приказна

Post Views: 16 Синоќа се отвори баумаркетот НАБИЗИ кој се наоѓа на патот од Струга према Ќафасан. Таму има од игла до локомотива. Може да се најде бела и црна техника, санитарија, мебел, електрика, апарати за домаќинство и што уште не. Идејата за отварање на еден ваков комплекс се родила пред две години и успешно се реализира. Во НАБИЗИ вложени се повеќе од  2 мил евра. Овој комплекс е по теркот на европските од каде се земани примери и искуства. Камбер вели дека го следат светскиот тренд и работат со најпознати фирми од областа на градежништвото.  Камбер Бизати, еден од сопствениците...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top