Post Views: 3
Годинешнава пчеларска сезона завршува со тешки последици. Пчеларите предупредуваат дека состојбата е алармантна бидејќи излезот од зимата бил лош, пчелите не биле добро опоравени, а со самото тоа и нивната паша била слаба. Претседателот на Пчеларското здружение од Охрид, Тони Јосифовски вели дека пчелариве од регионов тоа го почуствувале и од финансиски аспект, бидејќи имале многу големи давачки за прихрана на пчелите и за одржување на бројката на пчелните семејства.
„Месец и половина се обидуваме да воспоставиме контакт со надлежното министерство, со професорите од...
Post Views: 4
Нема докази дека вдишувањето на пареа функционира како третман за коронавирус. Напротив тоа може да биде штетно, изјави за „Вистиномер“ доктор Симона Сапунџија, специјализант по оториноларингологија. Д-р Бенџамин Нојман, експерт за коронавируси, кој претседава со одделот за биолошки науки на „Универзитетот Тексас А&М“, вели дека белите дробови се нежни, а ако пареата е многу жешка, тоа не е добра комбинација. Ниту Американскиот центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ), ниту Светската здравствена организација (СЗО) не сугерираат терапија со пареа со која...
Post Views: 11
Со цел да им се излезе во пресрет на родителите кои ги запишуваат своите деца во охридските детски градинки, веќе втора недела, здравствен преглед и земање брис од грло и нос се врши во централниот објект од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и останатите објекти.
„Зошто се одлучивме на ова има повеќе причини, ефектот е многу позтиивен и голем зошто не ги малтретираме родителите да доаѓаат во амбулантата на Центарот за јавно здравје и овде наши екипи доаѓаат без бели мантили, порелаксирано и покомотно е земањето на брисот и нема никакво плачење од страна на децата полесно го прифаќаат...
Post Views: 0
60-то издание на „Струшки вечери на поезијата“ ќе започне со изложбата 60 години „Струшки вечери на поезијата“ која ќе биде претставена на летната сцена при НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во 18:00 часот вечерва.
Официјалното отворање ќе биде на летната тераса при хотел „Дрим“ со почеток во 20:30 минути, каде и всушност истата вечер ќе се одржи меѓународното поетско читање.
Во петок на 27.08.2021 програмата ќе започне во 10:00ч со презентација на портретот на Ива Дамјановски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2020 година. Потоа во текот на денот...
Post Views: 1
По петти пат оваа година, охриѓани и туристите ќе имаат можност да бидат дел од традиционалната туристичка промотивна манифестација „Охридска софра“. Промоцијата на алтернативниот туризам во охридскиот регион, продолжувањето на традицијата која е темел на нашиот рурален развој, креативноста на жителите, производители на вкусното ѓомлезе, сирење и презентацијата на традиционалната храна, се темелот на оваа манифестација која ќе се одржи во сабота втори септември во селото Скребатно.
„Оваа манифестација претставува промотивен настан на традиционални рецепти за подготовка...
Post Views: 3
Искуството на наставниците и професорите и интерните анкети во училиштата покажуваат дека речиси две третини од учениците од секој клас одат на дополнителни часови во приватни училишта по барем еден предмет. Генерално, учениците најмногу се запишуваат на дополнителни часови по странски јазици и математика. Плус часови по овие предмети следат и послабите ученици но и оние кои немаат проблем со совладување на материјата но сакаат проширени знаења. Земањето приватни часови по овие два предмета, особено по математика, изминатите години стана секојдневна практика. Од работата...
Post Views: 1
Двајца мажи од Полска тврдат дека го пронашле одамна исчезнатиот воз кој е наводно полн со злато, скапоцени камења и оружје. Возот исчезнал недалеку од градот Вроцлав во 1945 година во момент кога му се приближувале советските сили, пишува The Guardian
Една адвокатска компанија вели дека и порано се обратиле споменатите двајца мажи и дека сакаат 10% од вкупната вредност која се наоѓа во возот.
Возот наводно исчезнал недалеку од замокот Ксиаз во Валбрцих чии локални функционери велат дека се скептични, но и дека ќе проверат за што се работи.
На ова потенцијално откритие...
Post Views: 11
Сe понеизвесен почетокот на учебната година за учениците од централниот објект на ОУ „ Братство Единство “. Советот на родители од ова донесе одлука дека додека не се санираат настанатите штети на ова училиште кои се последица од земјотресите кои го затекнаа регионов, и додека не се добие извештај од релевантни институции, ИЗИС и сл. децата нема да посетуваат настава во училишната зграда. Телевизија ТВМ неодамна пишуваше за овој проблем и за состојбата во која се наоѓа училиштето. Главниот влез во централната училишна зграда е опасен заради напукнувања на носечкиот...
Post Views: 1
Старите телевизори не се интересни за извршителите, зашто никој не им ги купува, но без размислување би земале пијано, персиски килими, уметнички слики, луксузен мебел, ама нив ги нема во домовите на должниците, стои во написот на МК News порталот.
Телевизори, клима-уреди, машини за перење алишта и садови, микробранови печки, лустери, килими, троседи, двоседи, се најчестите предмети кои извршителите ги изнесуваат од домовите на граѓаните-должници. За наплата на долг може да се земат и бунди, вредни уметнички слики, златен накит, сребрен есцајг, мебел со антиквитетска...
Post Views: 2
Уметникот е ангел без крилја, ангел, без крилја ангел. Вечерва се промовира овој проект во кој учествуваат тројца автори кои творат во различни медиуми, а на тема ангел или ангелското или бескрајното. Тоа е она што го поврзува божественото со човечкото, редот со нередот и патолошкото со физиолошкото. Авторите се Блаже Крстаноски-Блажески, еминентен скулптор по потекло од Охрид кој работи и твори во Сиднеј, Австралија, Билјана Поп Стефанија, архитект кој се занимава со ангелското, преточено во мозаици и Драган Спасески Охридски, кој преку компјутерската графика се обидува...
Post Views: 5
Охрид годинава може да се радува на успешна туристичка сезона, велат од Секторот за Туризам и локален развој при Општина Охрид.За тоа колкава е штетата која по туризмот ја имаше серијата земјотреси која го погоди Охрид, а која беше несомнена и особено се одрази врз домашните ноќевања, ќе треба да се почека, велат од Секторот за Туризам и локален економски развој. Додаваат, дека за среќа, реализирани се сите ноќевања на странските туристи и покрај земјотресите кои го зафатија регионов во месец јули.
„Сметам дека оваа сезона во целина ќе биде успешна, со оглед на тоа што...
Post Views: 3
Приказните од секојдневието на младите во мултиетничка Струга, позитивни примери во нивните заедници. Преку тридневна обука младите ќе стекнат знаења за изработка на мултимедијални содржини, во кои тема ќе бидат различнитe моменти поврзани со традицијата, предрасудите и верската толеранција, но и соживотот и дружењето на младите од овој град, вели Виктор Милевски од фондацијата „Метаморфозис“.
„А целта е со крајниот производ однодсно создаденото видео, учесниците на обуката да пренесат порака до пошироките маси“ додава Миелски.
Милевски објасни дека за време на обуката...