Во централната градинка се врши бактериолошка проверка на децата кои се запишуваат

И годинава Центарот за јавно здравје обезбеди мобилна екипа која брисеви на дечињата им зема во централната градинка.

 |   | 

Со цел да им се излезе во пресрет на родителите кои ги запишуваат своите деца во охридските детски градинки, веќе втора недела, здравствен преглед и земање брис од грло и нос се врши во централниот објект од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и останатите објекти.

„Зошто се одлучивме на ова има повеќе причини, ефектот е многу позтиивен и голем зошто не ги малтретираме родителите да доаѓаат во амбулантата на Центарот за јавно здравје и овде наши екипи доаѓаат без бели мантили, порелаксирано и покомотно е земањето на брисот и нема никакво плачење од страна на децата полесно го прифаќаат тоа што треба да се направи“ вели Сашо Точко – Директор Центар за јавно здравје Охрид.

Првиот човек на центарот информира дека се поминати повеќе од 450 дечиња од сите градинки во Охрид, а останатите родители кои не биле во можност да ги донесат децата од најразлични причини можат тоа да го направат во Центарот за јавно здравје.Точко додава дека во тек е преземање на мерките за дезинфекција, дезинскеција и дератизација, како и систематски прегледи на вработените на училиштата пред почетокот на школската година, за оние училишта кои уредно доставиле барање и немаат долгови кон центарот. Од Центарот за јавно здравје потенцираат дека освен при запишувањето на децата во градинката, брисеви се земаат редовно и преку целата година од децата кои се згрижени, но и од персоналот.

„Хигиенско-техничките услови задоволуваат, а здравстевената состојба на децата барем според првичните резултати велат дека нема некои епидемиолошки индикации за поголема присутност на одредена бактерија, оние стандардни изолации кои ги имаме на стафилокони инфенкции кои се чести се нормални за овој период но не во голем број за да треба да се алармира“ потенцира Сашо Точко – Директор Центар за јавно здравје Охрид.

Резултатите од анализите кои се без откриени бактерии ќе бидат испратени во градинката, а оние со позитивен наод ќе треба да се подигнат во Центарот за јавно здравје. Резултатите од извршените анализи покажале дека најголемиот број деца се здрави и дека кај нив не е откриено присуство на бактерии. Градинките се генерално исчистени и подготвени за прием на нови дечиња.

„Во сите објекти од нашава градинка извршено е генерално чистење освен во објектот „Развигорче“ кој сеуште се реновира, а со Центарот за јавно здравје договорено е да се изврши комплетна дезинфекција дезинсекција и дератизација на сите објекти што значи да сме хигиенски и санитарно целосно заштитени“ објаснува Соња Кузманоска – медицинска сестра ЈОУДГ „Јасна Ристеска.

Инаку, носењето брис претставува законска обврска како задолжителен документ за здравствената состојба на децата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top