Приватните школи, помош и за учениците и за родителите

Од работата во приватните училишта се заодоволни сите – учениците добиваат повисоки оценки, родителите се растоварени од обврската да решават задачи дома со своите деца, а професорите добиваат можност за дополнителна заработувачка.

 |   | 

Искуството на наставниците и професорите и интерните анкети во училиштата покажуваат дека речиси две третини од учениците од секој клас одат на дополнителни часови во приватни училишта по барем еден предмет. Генерално, учениците најмногу се запишуваат на дополнителни часови по странски јазици и математика. Плус часови по овие предмети следат и послабите ученици но и оние кои немаат проблем со совладување на материјата но сакаат проширени знаења. Земањето приватни часови по овие два предмета, особено по математика, изминатите години стана секојдневна практика. Од работата во приватните училишта се заодоволни сите – учениците добиваат повисоки оценки, родителите се растоварени од обврската да решават задачи дома со своите деца, а професорите добиваат можност за дополнителна заработувачка.

„Пи-СИ Како образовен центар го покри оној сегмент на давање на услуги кои услуги не ги дава можеби ни еден приватен образовен центар во РМ. Тоа е сегментот на домашно учење, научување, расчистување. Децата кога ќе влезат во оваа училница мораат да учат, да научат да разберат и кога ќе излезат да го покажат тоа учење. Понапред, тоа се учело дома, било сами било со помош на родителите, но веќе со години наназад децата се навикнати, наместо дома доаѓаат еве овде и повторно ќе кажам не се меша со формалното образование“ вели Ангел јанев – Образовен Центар „ПИ-СИ“.

Иако станува збор за неформално образование, додава Јанев, планот и програмите по кои се работи тука се исти со планот и програмите по предметите зададени од Министерството за образование и наука на РМ. Идејата е една задовлни ученици, задоволни родители, задоволни наставници и задоволно општество. Станува збор за појава која го надополнува моментот на попладневното учење на учениците. Јанев објаснува дека и голема е помошта која родителите ја добиваат во насочувањето на учениците во нивниот понатамошен избор на образованието. Од училиштето за изучување на странски јазици „Yes“ од градов кои за само една година кај учениците се наметнаа со своите интересни методи во изучувањето на странските јазици, велат дека кај нив се поаѓа од идејата да се развие љубовта кон странските јазици кај дечињата.

„Се трудевме да поставиме нови норми за училиште за Англиски јазик со тоа што родителите би увиделе дека децата ќе го засакаат Англискиот јазик и англиската култура на еден не толку конвенционален начин. Прво и основно што училиштето „Yes“ го рави е да ги примами децата да дојдат да го засакаат јазикот и културата да уживаат да влезат во еден нов момент како да се во Англија.Гледам дека другите школи го следат нашиот терк со тие нови работилници, па направивме кино доживување, а гледам дека многу други школи истото тоа го прават и убаво е да не емиртираат се додека децата имат нов начин да научат англиски јазик“ објаснува Емилија Георгиевски – училиште за странски јазици „YES“.

Во рамки на училиштето за странски јазици „YES“ ќе започне да функционира и Академијата за дечиња од 3-5 годишна возраст, што ќе биде училиште за дечиња, во траење од четир дена неделно по три часа, каде децата ќе се воспитуваат да станат млади госпоѓици и џентлмени да знаат сами да се грижат за себе, да ги совладаат основите на бон-тонот и на еден малку поинаков начин да учат за работите околу себе. За секоја нова учебна година, едно е сигурно, иако дополнителните часови се луксуз, но без нив децата не можат да ја совладаат доволно наставната материја и да добијат високи оценки кои им се неопходни за да понатака продолжат со саканото образование.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top