Се е подготвено за петтата „Охридска софра“

И годинава по петти пат посетителите од земјава и странство ќе може да уживаат во креативноста на жителите, производители на вкусното ѓомлезе, сирење и презентацијата на традиционалната храна.

 |   | 

По петти пат оваа година, охриѓани и туристите ќе имаат можност да бидат дел од традиционалната туристичка промотивна манифестација „Охридска софра“. Промоцијата на алтернативниот туризам во охридскиот регион, продолжувањето на традицијата која е темел на нашиот рурален развој, креативноста на жителите, производители на вкусното ѓомлезе, сирење и презентацијата на традиционалната храна, се темелот на оваа манифестација која ќе се одржи во сабота втори септември во селото Скребатно.

„Оваа манифестација претставува промотивен настан на традиционални рецепти за подготовка на познатото охридско ѓомлезе и друга традиционална храна. Манифестацијата претставува одлична можност за промоција на туризмот во руралните средини и збогатување на туристичката понуда на гардот Охрид а истата ќе биде збогатена и со настапот на фолклорната група, Ансамблот „Биљана“, вели Милена Жупаноска – Сектор за ТЛЕР – Општина Охрид.

И годинава „Охридската софра“ има натпреварувачки карактер, па така и годинава ќе се бира највкусното ѓомлезе. Студентите на ФТУ од Охрид пак и годинава ќе покажат во што се најдобри, па така посетителите ќе може да уживаат и во најразлични други специјалитети подготвени од страна на идните готвачи. Планирана е презентација на мед и пчелни производи, а ќе се презентираат и видови сирења од ова поднебје.Вкупниот фонд на награди изнесува 20.000 денари, првата награда 10.000 денари, втората 7.000 денари а третата 3000 денари.

„Странските гости најмногу се импресионирани од подготовката на традиционалното ѓомлезе како и од вкусот на истото“, Милена Жупаноска – Сектор за ТЛЕР – Општина Охрид.

Сите заинтересирани лица кои сакаат да бидат дел од активната и непосредна презентација на целокупната понуда во сегментот на алтернативните форми на туризмот може да се пријават во Секторот за туризам и ЛЕР, кој се јавува и како организатор на манифестацијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top