Post Views: 3
Од Галеб АД Охрид до нашата редакција испратија соопштение со кое сакаат да ги информираат учениците и нивните родители дека од 4ти септември, понеделник, односно, од почетокот на школската година, не ќе се во можност да вршат бесплатен ученички превоз.
Ви го пренесуваме соопштението во целост:
Би сакале да ве информираме дека од 04.09 2017 година, нe по наша вина, не ќе сме во можност да вршиме бесплатен ученички превоз бидејки договорите за превоз на ученици од основните училишта се истечени од 10 06 2017 а постапките за набавка на услуга-превоз се поништени, па...
Post Views: 1
Дуќанџиите од Охрид бараат да работат во недела. Охрид како главен туристички центар во земјава мора да биде изземен од законот, бидејќи најголемиот дел од работата на трговците во чаршијата е токму за време на викенди, кога во градот има гости. Воведувањето недела неработен ден за нив е бесмислено законско решение, кое ќе предизвика огромни финансиски штети врз локалната економија и туризмот, кои ионака се тешко погодени од корона кризата.
Охрид има една специфика ние не работиме низ цела година, туку работа имаме во викенди, продолжени викенди и низ туристичката сезона....
Post Views: 0
Солидарност, помагање, споделување на хуманитарни вредности се дел од вековната традиција за одбележување на муслиманскиот празник Курбан Бајрам, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Тој денес заедно со своите соработници присуствуваше на настанот каде секоја година здружението на исламската заедница го изведуваат ритуалното принесување на курбанот, жртвата, која симболично го претставува приближувањето кон Бога, на големиот муслимански празник Курбан Бајрам.
„ За мене претставува едно задоволство кога нашите сограѓани ја пренесуваат и продолжуваат убавата...
Post Views: 6
Охридските ракометари забележаа уште една победа во рамки на контролните мечеви.На гостувањето во Кавадарци ја совладаа екипата на Тиквеш, со 25-23 (9-15).
Токму Тиквеш ќе биде прв противник на „гладијаторите“ во новата суперлигашка сезона, што започнува на 8-ми септември.
Post Views: 1
Министертвото за економија објави оглас за доставување проектни решенија за конзервација, санација и адаптација за излозите, натписите, натстрешниците, ќепенците и зеленилото, за дуќаните лоцирани во чаршиите. Со овој проект се опфатени и битолската, струшката и скопската чаршија. Мислењата на граѓаните и дуќанџиите поделени. Граѓаните и дуќанџиите со поделени мислења. Едни сметаат дека треба да се задржи актуелниот изглед на дуќаните, други се за унифицирана санација и адаптација на дуќаните, додека трети велат дека треба да се најде решение помеѓу.
Предложените проектни...
Post Views: 6
Интензивни активности на Центарот за јавно здравје од Охрид, пред почетокот на новата учебна година. веќе две недели екипите на центарот покрај тоа што вршат бактериолошка проверка на децата и вработените во градинкиве, редовно се спроведува и процесот на дезинфекција, дезинскеција и дератизација во oхридските училишта.
„Во тек се секако активностите кои од Центарот се преземаат подготовките на училиштата за самиот старт на учебната година, со преземање на оние мерки на дезинфекција, дезинсекција и дератизација, и систематски прегледи на вработените. Сите оние училишта...
Post Views: 7
Со цел подобрување на безбедноста на интернетот, Кина во јули ја започна операцијата “чист интернет” , која подразбира апсења и разбивање на бројни сајбер банди на криминалци. Досега се истражени 7.400 случаеви на сајбер напади во Кина која најмногу вклучува хакирања и кражба на лични и финансиски податоци, а во официјалното соопштение на министерството за јавна безбедност се објавени податоци поврзани за десет истраги – сајбер напади на телекоми, кражба на финансиски информации по пат на смс-и, лажни онлајн платформи за инвестирање…
Имено, Кина е позната по...
Post Views: 9
Туристите кои го избрале Охрид како дестинација многу ретко одминуваат еден простор на сред чаршија во кој дише уметноста. Галеријата „Букефал“ најпрво ги привлекува со својот излог, а потоа влегуваат внатре и потонуваат во боите на сликите на најеминентните, но и на младите македонски уметници.
Посетители во галеријата се љубителите на уметност. Јас ги делам на луѓе кои сакаат уметност и на оние кои не чуствуваат потреба за тоа. Од цел свет имаме посетители и кога ме прашуваат дали делата се на македонски автори јас велам дека на македонски, но и на интернационални,...
Post Views: 0
Дали единствениот планинарски дом во Европа со кој стопанисуваат глувонеми лица, а кој повеќе од 50 години е нивно свратилиште, ќе ги смени сопствениците?
Од „Планинарскиот клуб на глувите лица „Скопје 63“, апелираат да не се распишува тендер или барем и самите да имаат право да учестуваат со одредени повластици и предност, бидејќи не сакаат да изгубат објект кој е дел од нивните животи.
Никола Огненов претседател на здружението на глуви лица „Скопје 63“и Претседателот на националниот сојуз на глуви лица Васко Марков, објаснуваат дека станува збор за објект со кој...
Post Views: 0
Првиот понеделник од месец септември, односно од 4ти септември, судовите со ново работно време. Работниот ден на сите вработени во Основниот суд во Охрид ќе им започне во 7 и 30 часот и ќе трае до 15 и 30. Секретарот Борче Мирчески пренесува дека измената на одлуката за работното време наишла на позитивен прием кај сите вработени, не само во нивниот суд туку воопшто во земјава. Тој додаде дека одлуката била дел од нивните штрајкувачки барања.
„Оваа измена на работното време беше по барање на Здружението на судска администрација и на синдикатото на УПОС кое барање веќе...
Post Views: 3
Младите талентирани актери-аматери, волонтери на Црвениот крст Охрид, предводени од авторите на претставата „Багаж“ блеснаа пред бројната публика во Младинскиот театар во Суботица. Оваа претстава, театарската група на Црвен крст Охрид премиерно ја изведе на отворањето на годинешниот Аматерски младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој се одржа во месец јуни. Весна Терзиоска, една од авторите на претставата вели дека станува збор за обработка на тема чијашто актуелност и свежина не познава граници барем во земјиве од регионов, бидејќи третира проблеми заеднички на...
Post Views: 6
Трета година по ред учениците на ОУ „Гоце Делчев“, од струшкото село Подгорци, добиваат незаконски сведителства. Прашање е дали деветнаесет ученици кои учат на албански јазик во ова училиште ја имаат добиено потребната согласност од Министерството за образование и наука, за формирање на паралелки на албански јазик. Тоа сеуште е дискутабилно, за што реагираат советниците на ВМРО – ДПМНЕ и на СДСМ, а Локалната самоуправа по се изгледа се обидува одлуката за легализација на паралелките да ја протурка на мала врата. Наташа Пинтоска советничката на СДСМ на последната седница...