Нов изглед за старите чаршии

Министерството за економија објави оглас за изнаоѓање на фирма што ќе изработи проектно решение за конзервација, санација и адаптација на излози и натписи на дуќаните на Старата Охридска чаршија.

 |   | 

Министертвото за економија објави оглас за доставување проектни решенија за конзервација, санација и адаптација за излозите, натписите, натстрешниците, ќепенците и зеленилото, за дуќаните лоцирани во чаршиите. Со овој проект се опфатени и битолската, струшката и скопската чаршија. Мислењата на граѓаните и дуќанџиите поделени. Граѓаните и дуќанџиите со поделени мислења. Едни сметаат дека треба да се задржи актуелниот изглед на дуќаните, други се за унифицирана санација и адаптација на дуќаните, додека трети велат дека треба да се најде решение помеѓу.

Предложените проектни решенија на огласот треба да го сочуваат главниот влез на дуќаните, да ги оформат фасадите со натпис сразмерен на нивната површина, влезот на дуќаните да го оплеменат со зеленило и да предвидат натстрешница во склоп на излогот. Поднесените трудови треба да преферираат квалитетни материјали и оков за излозите, додека нивната конструкција треба да биде од масивно дрво. Врз основа на изготвените решенија, надлежното министерство во наредниот период ќе ја реализира санацијата и адаптацијата на дуќаните.

За изготвување на проектните решенија е проценето дека ќе се потрошат околу 5.000.000 денари. Договорот со најповолниот понудувач ќе биде потпишан во времетраење од 12 месеци. Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите понуди до Министерството за економија најдоцна до 15-ти септември, за кога е закажано и нивното јавно отворање.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top