Со цел подобрување на безбедноста на интернетот, Кина во јули ја започна операцијата “чист интернет” , која подразбира апсења и разбивање на бројни сајбер банди на криминалци. Досега се истражени 7.400 случаеви на сајбер напади во Кина која најмногу вклучува хакирања и кражба на лични и финансиски податоци, а во официјалното соопштение на министерството за јавна безбедност се објавени податоци поврзани за десет истраги – сајбер напади на телекоми, кражба на финансиски информации по пат на смс-и, лажни онлајн платформи за инвестирање…
Имено, Кина е позната по својата цензура на интернетот и големиот “firewall” со кој државата го контролира и регулира, односно врши блокирање на интернет страни и социјални мрежи, додека од интернет ги отстранува редовно негативните коментари и текстови против владата. Исто така, во Кина е на снага и законот со кој сите блогери мораат да се регистрираат и на интернет да ги користат вистинските имиња за да може државата да има надзор над нив.
Иако се обидуваат да ја зголемат безбедноста на интернет корисниците, многумина ја обвинуваат токму кинеската влада, односно хакерите поврзани со неа, за огромни сајбер напади на американски владини корпоративни цели, првенствено за шпијунажа.
Иако од Пекинг ги отфрлаат сите обвиненија и често напоменуваат дека се тие жртва на такви напади, бројни медиуми повеќе пати пишуваа за мистериозната единица 61398 со која наводно управува кинеската армија и која е заслужна за бројните хакерски напади на воени и цивилни цели во САД и во други земји, пишува CNN.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град