Интензивни активности на Центарот за јавно здравје од Охрид

Пред сезоната на грипови, од центарот најавуваат дека годинава дека сите граѓани кои сакаат да се вакцинираат, а од здравствени причини не се во можност да дојдат во центарот, мобилна екипа имунизацијата ќе ја спроведе во нивните домови.

 |   | 

Интензивни активности на Центарот за јавно здравје од Охрид, пред почетокот на новата учебна година. веќе две недели екипите на центарот покрај тоа што вршат бактериолошка проверка на децата и вработените во градинкиве, редовно се спроведува и процесот на дезинфекција, дезинскеција и дератизација во oхридските училишта.

„Во тек се секако активностите кои од Центарот се преземаат подготовките на училиштата за самиот старт на учебната година, со преземање на оние мерки на дезинфекција, дезинсекција и дератизација, и систематски прегледи на вработените. Сите оние училишта коишто уредно доставиле барање и немаат долгови кон Центарот за јавно здравје ќе бидат уредно третирани, а останатите ги молам и апелирам, да ги завршат сите потребни формалности за да можеме да излеземе на терен“, Сашо Точко – Директор Центар за јавно здравје Охрид.

Пред сезоната на грипови, од Центарот за јавно здравје најавуваат и една новина, имено годинава сите граѓани кои сакаат да се вакцинираат, а од здравствени причини не се во можност да дојдат во центарот, ќе имаат можност мобилна екипа на центарот имунизацијата да ја спроведе во нивните домови.

„Дури сега воведуваме некои новини, од месец септември и оваа сезона на сезонскиот грип која ни претстои и за која се подготвуваме со набавка на вакцини против грип, ќе излеземе во пресрет на оние граѓани кои што се наподвижни коишто се стари, осамени, кои се хронични болни а се во своите домови, наши екипи ќе одат таму и ќе вакцинираат“ информира Сашо Точко – Директор Центар за јавно здравје Охрид.

Тоа останува како опција велат од центарот за јавно здравје, која дополнително ќе се разработи па така сите оние граѓани кои ќе сакаат да ја искористат таа можност ќе бидат дополнително инфорнмирани каде да се јават за да дојдат екипите на центарот и да ја спроведат имунизацијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top