policajci

Повеќе од 7000 полицајци за мирен изборен процес

Post Views: 0 Повеќе од 7 илјади полицајци дополнително ќе се обучуваат за да се справат со сите предизвици што можат да се појават за време на изборниот процес. Подготвен е и прирачник кој ги содржи најважните делови од новата законска регулатива и препораки како треба полицијата да делува во ситуации кога треба да се донесат одлуки на лице место. Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, посебно внимание ќе му посвети на однесувањето на припадниците на МВР. За време на претседателската кампања и предвремените парламентарни избори ќе се вршат и ненајавени контроли...

Continue reading

Долга редица за вакцинација од сезонски грип во Охрид

Post Views: 1 Гужва пред охридското епидемиолошко одделение при Центарот за јавно здравје, во Охрид. Само денес, за нецел час откако почна имунизацијата над 50 пациенти ја примија вакцината против сезонски грип. Најголем број пациенти беа повозрасни граѓани, кои како најризична категорија бараат начин да се заштитат од вирусот што коси во зима. Докторите со апел, вакцината пожелно е да ја примат сите граѓани кои работат во институции каде има голема фреквенција на луѓе а не само лицата над 60 годишна возраст, што за жал кај нас тоа го покажува праксата. „Одзивот е голем, досега се...

Continue reading

Давид Крстески на „3 СЛОВЕНИЈА ОПЕН 2017” освои 2 медали

Post Views: 0 На турнирот нашиот клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид настапи со 5 натпреварувачи ,кои иако беа претхидниот викенд во БиХ на” ДОБОЈ ОПЕН 2017”, и неколку денови поминаа во автобус место во салата, и видна беше пристрасноста на судиите, но сепак успееаја да земат 3 медали на овај престижен турнир со што докажаа дека се достојни на целиот труд што е вложен во нив. Овoј натпревар ќе го паметиме по тоа што пристрсноста на судиите беше огромна ,и видно беа револтирани многу тренери од многу земји. Освојувачи на медали на овај турнир се: Давид Велковски 2 место спаринг-борби,...

Continue reading

Riste Kuskoski

Смена на раководните структури во О.О. на СДСМ од Струга

Post Views: 1 Струшкиот огранок на СДСМ пред две недели доживеа комплетна промена на својата раководна структура. Со одлука на делегатите на Конференцијата на ОО на СДСМ од Струга од 17-ти овој месец, од тројцата најсериозни кандидати кои беа во игра, односно Даме Ложанкоски, Борче Мижимакоски и Ристе Чушкоски, инаку сите активни партиски членови, претседателската функција ја доби Русте Ќушкоски. Тој истакна дека неговиот ангажман во целост ќе биде насочен кон подобрување на животот во Струга како и кон и решавање на наталожените комунални проблеми во овој Град. „ Рак рана е комуналниот...

Continue reading

Гладни и сиромашни има и во нашата земја и во нашиот град

Post Views: 1 По повод Светскиот Ден на храна, 16 октомври и Неделата на борба против гладта од 17 до 23 октомври, под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” Црвен крст Охрид спроведува кампања за помош на најсиромашните наши сограѓани. Гладта е најекстремна форма на сиромаштија каде поединецот или семејството не се во состојба да ги задоволат основните потреби за храна. Гладни и сиромашни има и во нашата земја и во нашиот град. Сето ова е причина повеќе, барем повремено да помислиме и да направиме нешто за оние на кои им треба подадена рака за будење на надеж дека не се сами, дека некој мисли...

Continue reading

Кражба кај одморалиштето „Младост“ во Охрид

Post Views: 8 На 14.02.2022 година околу 22 часот, во СВР Охрид е приведен Љ.М.(66) од Охрид. Тој претходно, со употреба на погоден алат и физичка сила, од објект во близина на одморалиштето „Младост“ во Охрид, неовластено одзел предмети. Истите, со потврда се одземени од него и вратени на сопственикот, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Телесна повреда при семејно насилство во Лешани

Post Views: 0 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М (35) од селото Лешани. Пријавенио, казненото дело го сторил во семејната куќа во селото Лешани. Тој започнал жестока расправија со неговата сопруга Г.М.(29), упатувајќи и низа навредливи зборови и пцовки а потоа применил и физичка сила кон неа, удирајќи ја со нозе и тупаници по целото тело. Од силината на ударите, оштетената Г.М. побарала медицинска помош по што била пренесена во Општата болница во Охрид.

Continue reading

Воска Спорт со победа над Кораб, Охрид загуби од Кадино

Post Views: 3 Денес на стадионот „Билјанини извори“ екипата на Воска Спорт запиша уште една победа, овојпат над тимот на Кораб со резултат 3:1. Воска Спорт освои уште три големи бода и уште еднаш ја потврди улогата на фаворит во Втората македонска фудбалска лига. ГФК Охрид Лихнидос на гостински терен претрпе пораз од 2:1 од екипата на ФК Кадино, иако “Рибарите“ имаа водство од 0:1. РЕЗУЛТАТИ – 2.КОЛО СИЛЕКС – ВАРДАР 2:1 ВОСКА СПОРТ – КОРАБИ 3:1 ВЕЛЕШТА – ГОСТИВАР 2:2 БЕСА – ТЕТЕКС 2:0 КАДИНО – ОХРИД 2:1

Continue reading

Јован Стојаноски е новиот градоначалник на Охрид

Post Views: 1 Јован Стојаноски е новиот градоначалник, вака одлучија охриѓани на вчерашните локални избори. Синоќа од градскиот плоштад каде што се славеше победата Стојаноски се обрати до охриѓани од каде им упати благодарност за дадената доверба. Среќени сме по убедливата победа. СДСМ, заслужено на овие избори излезе со содржајна програма и ги освои гласовите на граѓаните за да има промени во државата, рече при тоа Стојаноски. „ Се надевам ќе ја оправдаме довербата на граѓаните. Оваа убедлива победа не значи ништо освен голема обврска за сите нас кои бевме вклучени во изборниот...

Continue reading

Над 54 проценти охриѓани избраа градоначалник од СДСМ и коалицијата

Post Views: 2 Според ДИК за Јован Стојаноски, кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, гласале 18.262 или 54.07 % охриѓани. За кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митко Тилевски својот глас го дале 13.560 или 40.15 % од гласачите. 679 гласа освоил независниот кандидат Стевчо Стевовски или за него гласале 2,1 %  од гласачите Во Советот кој брои 23 советници, според неофицијални извори од ДИК, СДСМ има 11 советнички места со освоени    15.198 глсаови, а Вмро Дпмне 10 советници од 12.871 гласови. Независниот кандидат за советничка листа, Нефи Усеини со „ Коалицијата...

Continue reading

Најважни факти за мистеријата која ја заинтригира цела Европа

Post Views: 1 Последните денови единствена тема од Полска која ја интригира цела Европа е дали навистина е пронајден нацистичкиот воз полн со злато и скапоцености од Втората светска војна на железничката линија Wroclaw-Walbrzuch на западот од Полска. Хистеријата поврзана со веста за пронаоѓањето на возот со богатството не престанува, но со кои факти се располага? Independent постави седум точки во вид на најважни прашања поврзани за тој случај. -Каде е пронајден возот? На железничката линија Wroclaw-Walbrzuch на западот од Полска. Тоа подрачје за време на Втората светска војна припаѓало...

Continue reading

Одбележан јубилејот на адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“

Post Views: 3 На 13 октомври далечната 1967 година познатиот охридски адвокат Томе Кичеец се запишал во Именикот на адвокатите во Адвокатската комора на Македонија и официјално отворил своја канцеларија во Охрид. Неколку дена подоцна неговиот чекор го следи и адвокатот Петар Гоџо и оттогаш започнува нивната работа со адвокатурата. Таткото на адвокатот Ристе Новаковски, Фидан пак повеќе од дваесет години работел како јавен правобранител. Така впрочем и започнува адвокатската приказна на овие три охридски семејства за кои правото е повеќе од само професија со која се занимаваат, кои...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top