Давид Крстески на „3 СЛОВЕНИЈА ОПЕН 2017” освои 2 медали

Викендов во Велење Словнија, се одржа меѓународен теквондо ИТФ А Класа турнир “3 СЛОВЕНИЈА ОПЕН 2017”, каде настапија  над 350 натпреварувачи од 32 клубови од 11 земји ,Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Молдавија, Чешка, Хрватска, Велс, Австрија, БиХ и Словенија.

 |   | 

На турнирот нашиот клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид настапи со 5 натпреварувачи ,кои иако беа претхидниот викенд во БиХ на” ДОБОЈ ОПЕН 2017”, и неколку денови поминаа во автобус место во салата, и видна беше пристрасноста на судиите, но сепак успееаја да земат 3 медали на овај престижен турнир со што докажаа дека се достојни на целиот труд што е вложен во нив. Овoј натпревар ќе го паметиме по тоа што пристрсноста на судиите беше огромна ,и видно беа револтирани многу тренери од многу земји.

Освојувачи на медали на овај турнир се:

Давид Велковски 2 место спаринг-борби, јуниори -57 кг, која е една од најтешките категории.
И Давид Крстески кој во стил на најголемите мајстори иако има 10 години освои 2 медали, форми за син појас кадети 10-14 години во кокуренција од 26 натпреварувачи во неговата категорија го освои вторто место, кој беше оштетен во финале од домачните судии, додека бугарскиот судија беше за него, а додека се натпреваруваа тренерот на Словенскиот натпреварувач изјави дека Давид е многу подобар и треба да победи, но кога гласа за судиите и нивниот тренер беше видно изненаден и револтиран на судиската одлука иако победи неговиот натпреварувач.

Исто така Давид Крстески во спаринг борби кадети 10-14 , -35 кг го совои третото место, со што предходно имаше две борби со натпреварувачи од Бугарија и ги совлада мајсторски во негов стил, додека во полуфинале со Словенскиот натпреварувач, кој пред една недела исто изгуби од Давид во Добој, во мајсторски стил го тепаше цело време но судиите , извадија нерешено, па екстра рунда, па пак извадија нерешено , па на златен поен се додек н еседе поен словенецот. Сите присутни тренери прашуваа што треба да направи Давид за да победи, но тоа е тоа, поради судиските неправди Давид беше оштетен за 2 златни медали а со тоа и пехар за најдобар натперавувач.
Истотака оштетени од судиите беа оштетени Анотнио Јанески и Марио Крстески.

Иако судиите не се праведни секогаш но едно е сигруно, Давид Крстески е еден од најдобрите во неговата категорија на Балканов и тоа го признават сите тренери и гледаат во енго иден европски или светски шампион ако продолжи со ова темпо.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top