Најважни факти за мистеријата која ја заинтригира цела Европа

Дали навистина е пронајден нацистичкиот воз полн со злато и скапоцености

 |  инфодеск  | 

Последните денови единствена тема од Полска која ја интригира цела Европа е дали навистина е пронајден нацистичкиот воз полн со злато и скапоцености од Втората светска војна на железничката линија Wroclaw-Walbrzuch на западот од Полска.

Хистеријата поврзана со веста за пронаоѓањето на возот со богатството не престанува, но со кои факти се располага? Independent постави седум точки во вид на најважни прашања поврзани за тој случај.

-Каде е пронајден возот? На железничката линија Wroclaw-Walbrzuch на западот од Полска. Тоа подрачје за време на Втората светска војна припаѓало на Германија.

-Од каде потекнува нацистичкиот воз со богатството? – При крајот на Втората светска војна, како што напредувала Црвената армија, нацистите наводно испратиле воз полн со плен од Wroclaw за Walbrzuch. Возот го испратиле низ систем од тунели, направен под планинскиот масив Sowa, или барем така тврди германски рудар, кој додава и дека сведочел за тие случувања и дека учествувал во затворањето на влезот по операцијата.

-Дали веруваат историчарите дека возот навистина постоел? – Локалната историчарка Joanna Lamparska истакнува дека постојат две теории: или се наоѓа под планините или е скриен некаде во близината на Walbrzuch. Таа додала дека никој досега не пронашол никаква документација која тоа би го потврдила. Историчарот Gay Walter пак смета дека многу приказни за нацистичкиот воз не “пијат вода”, но оваа “има тркала”.

-Што вели локалното население? – Тие, тој воз го нарекуваат сопствен “Loch Ness”, иако воопшто не се жалат бидејќи меѓународното внимание за овој случај донел река од туристи и ловци на злато во тој крај.

-Што се верува дека има во тој воз? – Злато. Злато кое нацистите го ограбиле и заплениле од затвореници и жртви. Постојат и гласини дека нацистите во тој воз превезувале и предмети од таканаречената “Јантарна соба” (сегашна вредност околу 250 милиони фунти), кои биле подарени на рускиот цар Петар Велики во далечната 1716 година и кои подоцна биле преместени во Царското село од страна на Катарина Велика во 1770 година. Судбината на таа соба станала фасцинација за ловците на скапоцености.

-Од каде пристигнаа новите гласини? – Од двајца мажи, Пољак и Германец, кои во август тврдеа дека го пронашле тој воз и кои бараат 10% од вредноста. Но, организацијата The Silesian Research Group исто така тврди дека тие први го пронашле нацистичкиот воз.

-Што превзеле досега полските власти? – На 28 август полскиот министер за култура објави дека 99% е сигурен дека возот е пронајден, по исповед на еден сведок на смртна постела. Набрзо потоа војската и полицијата го обезбедиле тоа подрачје на кое возот наводно се наоѓа и пристапот е забранет за сите освен за истражителите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top