Post Views: 0
Се почесто на охридските улици пешаците среќаваат нечисти јавни површини со кучешки измет. Виновни за оваа појава се сопствениците кои ги шетаат милениците, но не се грижат при тоа да го соберат изметот што нивните миленици ќе го направат. Мал е број на одговорните граѓани кои користат ракавици за одложување на изметот на милениците кои ќе го направат на јавна површина. Граѓанските активисти за заштита на животните апелираат сопствениците да се однесуваат одговорно во вакви ситуации и да се грижат јавните површини да бидат чисти, но да бидат и грижливи кон милениците.„...
Post Views: 2
Никогаш не е доцна да се возобнови амбиенталниот изглед на некогашните чаршии во Охрид и Струга, категоричен е проф д-р Павле Митрески. Можно е д а се возобнови десната страна од улицата Гоце Делчев во Охрид на потегот меѓу двата чинари и на истоимената улица во Струга пред куќата на Браќата Миладиновци. Подвлекува дека може да се најдат фотографии, документи, податоци , а при тоа посочува дека во неговата докторска дисертација , пред 4,5 децении на тема развојот на занаетчиството во Охрид и Струга предлагал начини како да се зачува изгледот на чаршиите со занаетчиските...
Post Views: 13
„Kуќата на херојката Kалеш Анѓа, синоним на македонскиот непокор против потурчувањето, се спасува од распаѓање и наскоро ќе биде отворена за посетители“, вели Ристе Момоковски, родум од Мариово и поранешен градоначалник на општината Старавина. Во тек е реконструкција на објектот стар неколку века.
Со тоа за најопеаната Мариовка Kалеш Анѓа нема да се дознава само од романот на Стале Попов и изворната народна песна „Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо“. Дека навистина постоела девојката од Сирминo Мaало, која Турците не успеале да ја поткупат, ќе сведочи и нејзината...
Post Views: 5
Сабота 28.10.2017 со почеток 20:00, Народен театар Битола ја донесува претставата „Последната ноќ“ од Ингма Вилквист. Билети на касата на Центар за Култура Григор Прличев Охрид.
Народен театар Битола ја донесува претставата „Последната ноќ“ од Ингма Вилквист, а во режија на Андреј Цветановски. Преводот на текстот е на Ана Марија Илиевски, а во главните улоги играат Соња Михајлова и Марјан Ѓорѓиевски. Музиката во претставата е на Димитар Андовски, а костимите се на Марта Дојчиновска.
Оваа претстава е обид да се покаже што прави надворешниот свет врз домот на едно семејство, како...
Post Views: 8
Јапонската Агенција и Влада, како и Македонската Влада влегуваат во сериозен проект за реконструкција на колекторскиот систем на Охридското Езеро. Деновиве Јапонската мисија изврши детален преглед на колекторскиот систем на охридско-струшкото тло. Познати по прецизност, тие во двете општини ги отворија сите шахти, ги прегледаа сите пумпи и ги посетија сите места кои се во тесна врска со колекторскиот систем, за да добијат реална слика за функционирањето на овој систем. Дејан Паноски од билатералниот секретаријат вели дека завршниот извештај веќе е на маса пред јапонците,...
Post Views: 0
Во јавноста негодување предизвика неодаманешната одлука на Повардарската епархија да воведе давачка за снимање и фотографирање пред и во верските објекти. За фотографија сликана во црква од свадба или некоја друга церемонија давачката е во висина од 500 до 1000денари. По оваа одлука охриѓани се прашуваат дали примерот со Повардарската ќе го следат и други епархии односно ваква слична давачка ќе следува и во охридските цркви.
Од Дебарско Кичевската епархија категорични не планираат ,а никогаш и не размислувале за воведување ваква давачка во нивната епархија.
Од Дебарско...
Post Views: 1
Учебната 2021/2022 година на 1 септември ќе почне со отворени училишта за основците и средношколците. Настава со физичко присуство со полн капацитет и примена на соодветни антиковид-протоколи препорача Главниот кризен штаб на 16 август, а одлуката наредниот ден ја донесе Владата на седница. Поради високиот број заразени со коронавирус во Тетово и Гостивар, Комиисјата за заштита од заразни болести, на барање на Општина Тетово, одлучи само средните училишта во овие градови да организираат онлајн-настава во првите две недели од септември.
На седница во вторникот Владата...
Post Views: 0
Во претставата играат: Горан Стојаноски – Максим БлагадушаНикола Тодороски – Митре П. КлатипатлакСтрезо Стаматовски – Румен ВујаклијаЕлизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василевпочеток 20.00 часот.
Картите по цена од 150 денариПретставата не е за лица помлади од 14 години
Во претставата се користат пиротехнички средства.
Телефон за резерваци на карти 046/261-063 секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот, подигнување на резервирани карти најдоцна еден ден пред...
Post Views: 4
Нивото на водата во Охридското Езеро е под просекот за месец октомври. Просекот за овој период е 11 сантиметри повеќе од минималното ниво и според Управата за хидрометеоролошки работи денешната кота на нивото на езерото изнесува 693.20 , што е за три сантиметри над природната кота од 693.17 метри надморска височина. Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски неодамна најави дека ресорното министерство заедно со Владата ќе ја разгледува состојбата со нивото на Охридското езеро.
„Во претходиот период бев и во посета на Охрид особено заради овој...
Post Views: 104
По прв пат, сите кои користат PayPal сервис ќе можат преку новата услуга на домејнот PayPal.Me да користат персонализиран URL кој ќе го олесни примањето пари на овој популарен сервис.
Иако многумина се прашуваат која е причината PayPal да покрене нешто што веќе го има во портфељот, но ова навистина е нешто сосема ново. Прво и основно, линкот и обликот paypal.me/вашето корисничко име се едноставни за помнење и споделување на социјалните мрежи, ако на пример собирате донации за некој нов проект. При тоа се нагласува едноставноста за ралика од класичниот PayPal за уплата...
Post Views: 3
Владата работи на решавање на сите отворени проблеми во секторот пчеларство. Ова доаѓа откако пчеларите упатија барање до министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за прогласување елементарна непогода во оваа гранка, поради неповолните влијанија од временските непогоди што се случија годинава, прво екстремно ниските температури, а потоа сушата, кои нанесоа сериозни штети во пчеларството. Ресорниот министер Љупчо Николовски неодамна изјави дека ќе бидат преземени и системски мерки за развој на пчеларството. Тој открива дека ресорното министерство предвидело...
Post Views: 0
Министерот за труд и спцијална политика Диме Спасов денеска оствари средба со раководството на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Македонија, на која разговараа за тековните и актуелни проекти што Министерството и Владата ги реалзираат во насока на подобрување на животот на овие лица.
„На почетокот на јануари годинава беше воведено новото право на глувост, со парична помош во износ од 4.000 денари за сите потполно глуви лица и досега имаат поднесено барања околу 1000 граѓани, а ова право го имаат остварено околу 300 лица. Очекуваме во наредните месеци да се зголемува...