„ПОСЛЕДНА НОЌ“ ВО ОХРИД

Сабота 28.10.2017 со почеток 20:00, Народен театар Битола ја донесува претставата „Последната ноќ“ од Ингма Вилквист. Билети на касата на Центар за Култура Григор Прличев Охрид.

 |   | 

Сабота 28.10.2017 со почеток 20:00, Народен театар Битола ја донесува претставата „Последната ноќ“ од Ингма Вилквист. Билети на касата на Центар за Култура Григор Прличев Охрид.

Народен театар Битола ја донесува претставата „Последната ноќ“ од Ингма Вилквист, а во режија на Андреј Цветановски. Преводот на текстот е на Ана Марија Илиевски, а во главните улоги играат Соња Михајлова и Марјан Ѓорѓиевски. Музиката во претставата е на Димитар Андовски, а костимите се на Марта Дојчиновска.

Оваа претстава е обид да се покаже што прави надворешниот свет врз домот на едно семејство, како домот се растура под стегите на тоа што се случува надвор. Една фамилијарна приказна која е фантастично напишана и иако е драма за двајца, сепак зборува за историјата на човештвото, едно парче живот во кој се случуваат големи потреси во надворешниот свет, а со тоа и во нивниот изолиран внатрешен свет. Психолошка драма, која ги напаѓа сите сетила и емоции. Нешто што ги разрушува и уништува сите тие работи што семејството ги гради. Приказна што зборува за поинакво семејство, понижувано смејство, кое успева до таа ноќ да го одржи својот мал, но значаен свет – вели режисерот Цветановски.

Телефон за резерваци на карти 046/261-063 секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот, подигнување на резервирани карти најдоцна еден ден пред одигрување на претставата!

Работно време на билетарата од вторник до петок од 10.00 до 20.00 часот, во сабота од 14.00 до 20.00 часот и во понеделник од 10.00 до 14.00 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top