Никогаш не е доцна да се реставрираат старите чаршии во Охрид и Струга

Никогаш не е доцна да се реставрираат старите чаршии во Охрид и Струга, вели историчарот проф д-р Павле Митрески. Архитектите пак велат дека иако се е изгубено со многу пари од државата има  можност да се возобноват  делови од загубениот изглед  на чаршиите.  Враќањето на некогашниот амбиент на занаетчиските дејности пак ќе значи и поголема посетеност од туристите. 

 |  Валентина Неловска  | 

Никогаш не е доцна да се возобнови амбиенталниот изглед на некогашните чаршии во Охрид и Струга, категоричен е проф д-р Павле Митрески. Можно е д а се возобнови десната страна од улицата Гоце Делчев во Охрид на потегот меѓу двата чинари и на истоимената улица во Струга пред куќата на Браќата Миладиновци. Подвлекува дека може да се најдат фотографии, документи, податоци , а при тоа посочува дека во неговата докторска дисертација , пред 4,5 децении на тема развојот на занаетчиството во Охрид и Струга предлагал начини како да се зачува изгледот на чаршиите со занаетчиските дејности, но се е пропуштено. Историчарот го поздравува проектот на министерството за економија со кој државата се обидува да ги реставрира и унифицира чаршиите во земјава меѓу кои и охридската и струшката.

„ Држава сме или што сме. Некаде ќе задолжи , се е кафеани, може да има ред. Тоа ќе го постават архитектите бидејќи архитектурата има влијание. Земете го примерот со Сараевската чаршија се е испреплетено, а е зачувано. Ние не можеме толку , но може да опстанат делови, да се најде решение“, вели Проф. д-р Митрески.

ТВМ контактираше струшки и охридски архитекти за да го чуе и нивниот став за проектот реставрирање и унифицирање на чаршиите кој е во тек , а доаѓа од министерството за екомоија. Архитектите напоменуваат дека иако е изгубен духот на некогашните чаршии со длабоко навлезени модерни текови со вложување на многу пари од страна на државата и локалните самоуправи ништо не е невозможно. Реставрациите бараат големо искуство и познавање на историјата за да се постигне некогашната амбиенталност, велат архитектите.
Архитектурата на една чаршија не е споменик на културата само од физички аспект туку треба да се стави акцент на ревитализација на функцијата на чаршијата. Архитектурата е споменик со функција , подвлекуваат архитектите.
Враќањето на некогашниот амбиент на занаетчиските дејности пак ќе значи и поголема посетеност од туристите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top