Post Views: 6
Страницата за аукциска купопродажба e-bay, која направи пресврт во интернет трговијата, слави 20 години од постоењето.
Сѐ започна со неиправна ласерска играчка. Тоа беше предметот кој беше ставен на аукција на 3-ти септември 1995 година на страницата AuctionWeb, кој ја основа тогаш 28 годишниот Pierre Omiyadar.
Ден потоа на младиот француски претприемач, со ирански корени кој како дете со фамилијата се преселил во САД , му пристигнала првата понуда, а потенцијалниот купец нудел 14 долари. Omiyadar чесно го повикал за да му објасни дека ласерот е неисправен,но тоа на...
Post Views: 4
12 собрани ќеси со отпад е епилогот на викенд акцијата на неформалните група екоентузијасти „За почист Охрид. Неколкумината активисти ја реализираа акцијата на еден дел од населбата Христо Узунов. За помалку од една година втор пат ја чистат околината во наслебата и велат дека состојбата е лоша наидуваат на секаков вид отпад. Наша задача не е ние да чистиме туку да ја подигнеме свеста и кај граѓаните и кај институциите, вели Глигор Велјаноски еден од активистите за почист Охрид .„ Недостасува ажурност на службите да ја чистат и заштитат околината и свесноста на граѓаните...
Post Views: 6
Младите следат турски и англоамерикански серии, покажа истражувањето кое го спроведоа студенти од Центарот за правни и политички истражувања при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.
Омилена серија им е „Аси”, a омилен лик е Демир. Центарот за правни и политички истражувања заедно со студентите направи истражување на тема „Влијанието на сериските филмови врз младите”. Истражувањето е спроведено во текот на 2013 година.
На прашањето „Каков медиум користите за гледање на ТВ сериите?”, 61% од испитаниците одговориле дека сериите ги гледаат на интернет,...
Post Views: 81
Продолжување на туристичката сезона по завршување на летото туризмолозите гледаат во конгресниот туризам. Тоше Чочороски менаџер на охридскиот хотел Силекс информира дека во Охрид до Нова година конгресен туризам ќе има, но во помал број за разлика од минатите години. Тренд на домашните компании е да организираат семинари надвор од Македонија . За настаните се избираат места со дополнителни понуди како што се спа центри и други содржини, а тоа не оди во прилог на домашниот туризам, напоменува Чочороски.
„Конгресниот туризам е на стабилни основи кога станува збор за...
Post Views: 1
Протест на влашкамаалци. Синоќа мештаните од Горна Влашка маала излегоа на улица повикувајќи го мобилниот оператор ВИП да ја тргне базната станица која ја поставуваат на приватен објект во близина на училиште и градинка каде дневно гравитираат над 1500 ученици. Петар Трајановски очекува дека овој проблем ќе се реши на еден мирен и цивилизиран начин. Без да има потреба од преземање на дополнителни и порадикални мерки.
„Нема да дозволиме да се постави антената. Ние бараме отстранување на конструкцијата, а да не зборуваме за поставување на антена“ .
Јоне Станкоски жител...
Post Views: 2
Поплаките за невработеноста, најбројни во бележникот на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска од Струга. Од досега остварените средби помеѓу граѓаните и пратеничката, стружани најмногу од неа бараат да им го реши егзистенционалниот проблем односно вработувањето. Затуроска кажа дека нејзината пратеничка кацеларија во овој дел не може да излезе во многу во пресрет, но работи на процесуирање на нивните барања до институциите надлежни за тоа.
„Во изминатиот период начинот на кој што ги решававме нивните проблеми, беше, да ги земаме нивните проблеми,...
Post Views: 4
Охрид конечно ќе добие јавни тоалети. На двете предвидени локации, едната во централното градско подрачје позади Амамот, другата кај Горна Порта, избраниот изведувач, фирмата „Тане 2007“, заедно со претставници од Центарот за развој на Југозападниот плански регион , деновиве извршиле увид на сите потребни инфраструктурни услови и придружни активности кои треба да се преземат. Мирјана Лозаноска, дирекоторот на Центарот вели дека во проектот за подобрување на туристичките услуги со поставување на јавни тоалети, свој удел има и Локалната самоуправа на Охрид.
„И општините...
Post Views: 1
Времето во Охрид денес сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
UV индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 26. степени.
Следува период на претежно стабилно и сончево време со слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува во среда и четврток. Во среда ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд проследен со ветер. Во овие денови наутро особено во посеверните делови ќе биде посвежо, информираат од УХМР.
Post Views: 3
Нема укинување на Законот за заштита од пушење. Од еснафот на угостители од Охрид велат дека тие биле иницијатори на само некои измени на законот и додефинирање на работите, а не и негово целосно укинување. Пратеникот Томислав Тунтев кој беше предлагач на ова барање во Парламентот на РМ вели дека во овој момент не постои никаков нов предлог закон што го изготвила Владата ниту пак нов предлог што е во владина процедура, ниту пак некакви работни групи изготвиле некаков нацрт текст. Во овој момент во собраниска процедура е предлогот на седум пратеници за измени во законот...
Post Views: 4
Преку протест жителите на Влашка маала ќе бараат отстранување на Вип антената за мобилна телефонија. Претседателот на Урбаната заедница Горна Влашка маала Томислав Голеишки, Трпе рече дека и покрај нивните напори и противења, мобилниот оператор ВИП продолжува со поставување на базната станица на приватен објект во нивната маала. Тој посебно нагласи дека од овој проблем засегнати се над 1500 млади пред се ученици во ОУ „Христо Узунов“ и деца од градинката „Јасна Ристеска“.
„Воедно, ги повикуваме градоначалникот, пратениците од Охрид, советниците во советот на општина...
Post Views: 6
Во изминативе години груевизмот создаде јако граѓанско општество, без силен граѓански сектор немаше да падне Никола Груески , истакна Бранимир Јовановиќ советник за финансии и поранешен активист од граѓанскиот сектор, на денешниот форум со претставници од граѓанскиот сектор што се одржа во организација на Цивика мобилитас. За преминот од граѓанскиот сектор во новата влада покрај Јовановиќ лични искуства споделија и Санела Шкријељ и Трајан Димковски, поранешни граѓански активисти, а сега дел од новата влада во министерствата земјоделие и труд и социјална политика. Јовановиќ...
Post Views: 0
Mike Smith, сопственик на трговија со стари автомобили во Lockport, останал вчудоневиден кога една млада девојка се пожалила на “полначот” за iPhone во автомобилот кој го купила од кај него.
Имено, Smith во првиот момент не можел да разбере за каков полнач зборува девојката а уште помалку му било јасно на жалбата дека тој мистериозен извор го гребе стаклото на апаратот.
Кога влегол во автомобилот Smith не можел да се воздржи од смеење бидејќи веднаш му станало јасно за што се работи. Секако дека не можел да одолее и фотографијата ја споделил на Facebook.
Фотографијата...