Форум средба на граѓанскиот сектор со советници во Владата

Форум средба на граѓанскиот сектор со советници во министерства во Владата кои до неодамна и самите беа активисти. Тема развој на соработката на граѓанскиот сектор и новата влада. На средбата учествуваа над 150 граѓански здруженија од земјава и тројца претставници од владата од земјоделие, труд и социјална политика и финансии.

 |  Валентина Неловска  | 

Во изминативе години груевизмот создаде јако граѓанско општество, без силен граѓански сектор немаше да падне Никола Груески , истакна Бранимир Јовановиќ советник за финансии и поранешен активист од граѓанскиот сектор, на денешниот форум со претставници од граѓанскиот сектор што се одржа во организација на Цивика мобилитас. За преминот од граѓанскиот сектор во новата влада покрај Јовановиќ лични искуства споделија и Санела Шкријељ и Трајан Димковски, поранешни граѓански активисти, а сега дел од новата влада во министерствата земјоделие и труд и социјална политика. Јовановиќ ги посочи позитивните и негативните страни од вкучувањето на граѓанскиот сектор во новата влада. Со вклучување во владата се прави штета на граѓанскиот сектор следуваат обвинувања за фотељаштво, но ако постигнеме резултати имаме можност да ја смениме таа дискредитација. Јовановиќ го сподели своето лично искуство и дилемитата дали да се вклучи во новата влада. Доколку не го направев тоа ќе беше кукавички од моја страна по критикувањето на поранешната влада да не се вклучам за промени. Посебно што поканата да бидам дел од новата Влада дојде од министерот Драган Тевдовски, кажа Јовановиќ.

„ Споделуваме слични идеолошки вредности. Двајцата веруваме дека патот на развојот на нашето општество е во правец на социјална правда. Да беше друг министер ќе одбиев, не сум убеден дека има економисти во државата кои се за социјално праведни политики. Мене ми е важно. Сметав дека е сега шанса да се здружиме и да влијаеме на општеството“ , рече Јовановиќ.

Милош Димитриески претседател на здружението Извор, е еден од учесниците на форумот со очекувања од новата влада. Се надева на преземање иницијативи за понатамошно спречување на одливот на млади од земјава по спроведеното истражување и анализи за миграцијата на младите во кратовско кумановскиот регион.

„ Главни прични за миграција се нискиот животен стандард и проблемот со невработеноста. Наши препораки и размислувања се властите на централно и локално ниво да најдат мерки кои ќе влијаат врз подбрување на стандардот на заедницата преку вработување и овозможување на подобри услови и поддршка за малите и средните бизниси“, напоменува Димитриески.

Гонце Јаковлевска, кородинатор на Цивика мобилитас за денешниот форум посочува дека дел од темите е преминот на граѓанските активисти во владиниот сектор и дали тие може да ја подобрат комуникацијата со Владата за подбро граѓанско општество.

„Очекувате луѓе што излегле од вашиот сектор i добро ја познаваат состојбата во секторoт и комуникацијата и не само што би требало да биде само олеснета туку и можноста тие да влијаат во министерствата и одделите каде што работат да се обезбедат поинтензивни интеракации и подобрување на соработката меѓу граѓанскиот сектор и владата“, подвлекува Јаковлевска.

На денешниoт форум кој беше под мотото „Граѓани за промени“ зедоа учество над 150 претставнци од граѓанскиот сектор од различни тематски области.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top