Post Views: 3
Идниот урбанистички развој на Охрид, во рацете на врвни експерти од Архитектонскиот факултет од Скопје. Општина Охрид, односно првиот човек на градот Јован Стојаноски, со оваа институција потпиша мемеорандум за соработка, ценејќи дека тоа ќе претставува основа за изработка на идната програма за урбанистичкиот развој на Охрид. Тоа подразбира сеопфатна и одржлива програма, појаснува портпаролоот на општина Охрид Томе Џамтоски.
„Се разбира дека стана збор за соработка на повеќе нивоа, за соработка на различни проекти, беше разгледана една идеја, односно изработка на една...
Post Views: 5
Во Охрид отворен вториот политички штаб на Обединети за Македонија по оној во Скопје. На отварањето присуствуваше и партискиот лидер Љубе Бошкоски. Бошкоски оствари средба со приврзаници и членови на партијата. Се осврна на актуелните политички случувања на македонската сцена поврзани со јазикот, името и гардењето на добрососедски однсои. Во своето обраќање меѓу другото кажа дека како партија која учествува во партиципација на новата власт не сака Македонија во која владее страв и поделба.
„ Македонија мора да ја градиме да ја внесеме во НАТО И ЕУ никој нема да ни го...
Post Views: 1
Сопственикот на Zara, Amancio Ortega од пред неколку дена и официјално е најбогатиот Европјанец и втор најбогат човек на светот.
Неговиот имот во последната година, и покрај кризата, се зголемил за импресивни 10,4 милијарди долари. Сопственикот на најголемиот синџир на продавници за облека го смени Warren Buffet на местото втор најбогат човек на светот спрема листата на Bloomberg.
Имотот на Ortega се проценува на 71,5 милијарди долари, а американскиот инвеститор е тежок 70,2 милијарди, додека на чело сеуште се наоѓа сопственикот на Microsoft, Bill Gates со рекордни 85,5...
Post Views: 1
Варошани се судираат со урбанистички проблеми при интервенции на нивните семејни објекти. Граѓаните од овој дел од градот се со врзани раце кога имаат потреба од градежни одобренија, вели Горан Патчев претседател на УЗ Стар Град , а до која реагираат граѓаните и бараат системско институционално решавање на нивните комунални проблеми.
„Потребата од ажурирање на катастарски подлоги, ажурирање на Детални урбанистички планови кои на голем дел од стар град се стари од 1995 година. Тоа е голема пречка да го планираат семејниот развој на нивните објекти и семејства. Тешко се...
Post Views: 0
Поголем дел од барањата на граѓаните за легализација на нивните бесправно изградени објекти се нерешени. Законот за третман на бесправно изградени објекти се применуваше во 2 фази, првата во 2011, втората од 2016 година. Многу е слаб процентот на решени предмети во втората фаза од примената на Законот за третман на бесправно изградени објекти, односно некаде околу 4 посто. Портпаролот на општина Охрид Томе Џамтоски информираше дека во втората фаза биле поднесени 3263 а биле решени 135 предмети. Одреден временски период се почуствува и застој во решавање на барањата за...
Post Views: 19
Според новиот закон за заштита и благосостојба на животните ако куче нападне два пати, веднаш ќе биде усмртено, а сопственикот ќе добие забрана да чува кучиња, пишува Дневник.
Во случај кога куче ќе нападне човек или животно, се врши процена на околностите при нападот. Ако нападот не бил испровоциран или кучето е агресивно, а сопственикот сака да продолжи да го чува, тоа ќе биде кастрирано, а газдата ќе треба да посети обука. Ако кучето нападнало човек втор пат, тоа веднаш се одзема и се евтаназира, а сопственикот добива забрана за чување какви било кучиња во период...
Post Views: 4
Познатиот охридски дизајнер Алек Бимбилоски и Лејла Гогова, неговиот партнер во модниот концепт РУМОР, беа дел од ревијата „Направено во Македонија: Современ дизајн накитен со минатото”. Овој моден настан се одржа во Скопје на иницијатива на сопругата на американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли. Впечатоците по ревијата и присутноста на охридскиот бренд „Румор“ во Скопје, преку Галеријата Акантус со нас ја сподели дизајнерот Бимбилоски.
Организацијата беше добра, но малку имаше предолги говори пред самиот почеток на ревијата, но во главно се протече во ред. Нашава...
Post Views: 5
Градовите Струга и Поградец си подадоа рака и заеднички пристапија кон решавање на проблемот околу вработувањето на жените од овој регион. Користејќи ги европските средства од ИПА програмaта на Европската Унија, оваа иницијатива во пракса ја спроведе Локалната агенција за развој од Струга. Катерина Василеска од Локалната агенција за развој вели дека овој проект „Жените преминуваат граници за промени“ ги доведе жените од Струга и Поградец на едно место, со заедничка цел.
„Проектот се имплементираше од Април 2011 до Април 2012 година. Проектот се викаше „Жените преминуваат...
Post Views: 3
Водата во Струга небезбедна за пиење. Тоа го покажаа денешните анализи од ЦЗЈЗ преку кои е констатирано дека има голема матност на водата, но за среќа не се забележани некои патогени бактерии.
Веднаш алармиравме и ги известивме инспекциските служби и Агенцијата за храна и ветеринарство кои веднаш постапија согласно нивните процедури и согласно законските прописи така да донесено е решение водата да не се користи за пиење, вели Сашо Точков- директор на ЦЗЈЗ.
ЦЗЈЗ препорачува водата воопшто да не се употребува за пиење се до оној момент додека не се констатира дека таа...
Post Views: 45
За време на празниците кога има поголема циркулација на луѓе во градот, за жал поголем е и бројот на кражби. Добар извор на информации за сторителите на имотни и на други деликти претставува и објавувањето фотографии и локации на социјалните мрежи за тоа каде ќе се прославува новогодишната ноќ, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Апелирам до сите граѓани да се воздржат од постирање информации на фејсбук каде ќе ја поминат новогодишната ноќ, бидејќи тоа едноставно им ја олеснува работата на сторителите на казнени дела-кражби и претставува валидна информација...
Post Views: 18
Жителите од улицата Васил Стефоски кај Грашница утрово реагираа на поплавената улица. Кажуваат дека во близина на кампот Партизан се затнати две шахти и тоа од атмосферската канализација и од колекторот. Реагирале до ЈП „Нискоградба“ и пред 10 тина дена кога заврнал исто така пообилен дожд, но кажуваат дека сликата се повторува. Граѓани се пожалија дека минувањето и движењето на пешаците и возилата било отежнато утрово и на улицата која минува пред Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Свети Стефан.
Од ЈП „Нискоградба“ за посочениот проблем во писмено соопштение...
Post Views: 3
Одржана 63та седница на градскиот Совет на која што се расправаше по 86 точки од дневниот ред. Советниците ги усвоија предложените одлуки иако опозицијата не даде согласност или беше воздржана за повеќето точки кои беа на денешниот дневен ред. Советниците од опозицијата не дадоа согласност за годишните планови за вработување во основните училишта за следната година, а не ги прифатија ни годишните извештаи за работа и материјално-финансиското работење во школите и јавните претпријатија. Од дневен ред беше повлечена предлог одлуката за давање согласност за усвојување на...