• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Урбанистичкиот развој на Охрид ќе го уредуваат врвни експерти од Архитектонски факултет

Урбанистичкиот развој на Охрид ќе го уредуваат врвни експерти од Архитектонски факултет

Ќе се изготвуваат неколку студии за подобрување на урбанистичката слика во градов. За тоа новиот градоначалник Јован Стојаноски веќе ангажира врвни експерти од оваа сфера. Една од поприоритетните, ќе биде подготовка на студијата за решавање на прашањето со Студенчишкото Блато, информираат од општина Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

Идниот урбанистички развој на Охрид, во рацете на врвни експерти од Архитектонскиот факултет од Скопје. Општина Охрид, односно првиот човек на градот Јован Стојаноски, со оваа институција потпиша мемеорандум за соработка, ценејќи дека тоа ќе претставува основа за изработка на идната програма за урбанистичкиот развој на Охрид. Тоа подразбира сеопфатна и одржлива програма, појаснува портпаролоот на општина Охрид Томе Џамтоски.

„Се разбира дека стана збор за соработка на повеќе нивоа, за соработка на различни проекти, беше разгледана една идеја, односно изработка на една студија користејќи ги искуствата и помошта на УНДП за изработка на една апликација смарт сити, апликација која во себе ќе ги содржи сите информации за туристите, граѓаните на Охрид од било која сфера

Општинскиот гласноговорник Џамтоски пренесе дел и од останатите разговори за кои што било дискутирано во градоначалничкиот кабинет со професорите од Архитектонскиот фаултет.

На Охрид му треба изработка на две студии, една од помал опфат која конечно треба да го реши прашањето на Студенчишкото Блато интегрирано заедно со НП „Галичица“ и дел од крајбрежјето и се разбира една поголема интегрирана студија која ќе значи целосен урбанистички развој на Охрид

Инаку, меморандумот за соработка помеѓу двете институции, општина Охрид и Архитектонскиот факултет од Скопје, претставува основа за подготовка на програма во која ќе бидат изнесени идејните решенија за урбанистички развој на општина Охрид. На средбата биле разгледани и различните форми на генерирање соработка преку јавни дебати во кои граѓаните активно ќе учествуваат во донесувањето конкретни решенија, работилници, летни и зимски школи, студентски конкурси

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top